
Aгенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот производ:
- Негазирана природна минерална вода ,,МИРОС,, во пакувања од 1,5 литар, 0,5 и 0,33 литри
Рок на употреба: до 30.08.2024 година
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради микробилошка неисправност и ризик по здравјето на луѓето. Водата не одговара на условите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18)
Производител: СИЛКА ГРУП- Урошевац (Феризај), Република Косово
Увозник во РСМ: АЛМАКО АРБ ДООЕЛ
Дистрибутер во РСМ: АЛМАКО АРБ ДООЕЛ
Категорија