Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Стерилизирање и одговорно сопствеништво на домашни миленици

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира сопствениците да ги стерилизираат своите домашни миленици - кучиња и мачки. 

Кучињата и мачките имаат висока репродуктивна  способност. Имено тие се размножуваат со геометриска прогресија,што значи дека од еден пар кучиња или мачки за 8-9 години може да се добијат до 60 000 потомци.

Со стерилизација, со еднократен трошок кој изнесува околу 1500-2000 денари за мачки и кучиња од машки пол и од 2.600 до 5000 денари за кучиња од женски пол (цената зависи од големината на животното), се избегнуваат последиците кои произлегуваат од несаканите легла како што се: 

  • Напуштањето на домашни миленици , што е  е забрането и казниво по закон. Дополнително, напуштањето на мали кученца кои се уште немаат прогледано или цицаат е кривично дело - мачење на животни за што покрај парична е утврдена и затворска казна.

  • Дополнителни трошоци за чување на 8-10 нови животни кои исто така треба да се микрочипираат и вакцинираат за што треба да се издвојат финансиски средства и до 14 000 денари за само едно легло (на пример за 8 кученца, 8х800 денари за микрочип, 8х150 за пасош, 8х200 за апликација на микрочип, 8х500 за вакцинација и дехелминтизација итн).

 

Препораки за одговорно сопствеништво  

  • Кучињата и мачките треба еднаш годишно да се вакцинираат/ревакцинираат против болеста беснило и да се третираат против екто и ендо паразити;

  • Забранети се следните интервенции на животните: скратување на опашката и потсекување на ушите, сечење на петиот прст, девокализација, отсекување на канџи и обеззабување;

  • Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче;

  • Кучињата кога се на јавно место треба да бидат врзани на поводник освен кога се на јавни места каде е дозволено кучињата слободно да се движат во придружба на нивните сопствeници;

  • Сопствениците и/или одговорните лица кои ги користат своите миленици за репродукција и одгледувачниците треба да го пријават леглото од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница, да ги идентификуваат и регистрират младенчињата согласно Законот за идентификација и регистрација на животните пред да ги вдомат како и да ги пријават лицата кај кои ги вдомиле младенчињата;

  • Со кучињата треба да се постапува позитивно а особено уште од најрана возраст за да бидат социјализирани. Кучињата не треба постојано да се држат врзани а доколку живеат во стан тие треба секојдневно и редовно да се носат надвор на прошетки;

  • На кучињата и мачките треба секојдневно да им се обезбедува соодветна храна и секогаш на располагање да имаат свежа вода за пиење, и истите да бидат во добра здравствена состојба и кондиција;

  • Доколку се забележат било какви промени во однесувањето или во здравствената состојба на домашните миленици веднаш консултирајте се или однесете ги на ветеринар.

 


 

 

Видео маркетинг