Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Соработка----EFSA FOCAL POINT

08.06.2026
Насловна слика

Во рамки на активностите за зајакнување на соработката со Европската Агенција за
безбедност на храната (ЕФСА), се одржа работен состанок со Барбара Галани,
Раководител на одделот за комуникации и партнерства на ЕФСА, на кој учествуваа
претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, вклучени во процесот на
собирање, обработка и доставување на податоци до ЕФСА.

Слика
Целта на состанокот беше размена на искуства и добри практики, како и разгледување
на можностите за понатамошно унапредување на квалитетот, навременоста и
усогласеноста на податоците што се доставуваат до европските системи за проценка
на ризик. Учесниците дискутираа за важноста на научно заснованите податоци во
поддршка на процесите за донесување одлуки во областа на безбедноста на храната,
здравјето на животните и здравјето на растенијата.
На состанокот беше истакнато дека Северна Македонија е единствена земја од ИПА
регионот која континуирано доставува податоци во шест различни мрежи на ЕФСА.
Преку ангажманот на вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство и другите
институции, земјата обезбедува податоци во повеќе области, вклучувајќи зоонози,
антимикробна отпорност, контаминенти во храната, резидуи од фармаколошки
активни супстанции, резидуи од пестициди, потрошувачка на храна и други категории
на податоци кои се користат при подготовка на европски научни мислења, проценки на
ризик и годишни извештаи на ЕФСА.
Овој значаен придонес ја потврдува посветеноста на Агенцијата за храна и
ветеринарство кон развојот на ефикасен систем за управување со податоци и нивната
активна улога во европската мрежа за безбедност на храната. Состанокот заврши со
заедничка заложба за натамошно продлабочување на соработката, размена на
знаења и јакнење на капацитетите за генерирање и доставување квалитетни податоци
од значење за заштита на здравјето на потрошувачите во Европа.

Ознаки
Категорија

Соопштенија

  • Соработка ЕФСА и ИПА земји

    16.04.2020
    Вкупно 12 агенции на Европската унија вклучително Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) активно придонесуваат за спроведување на програмите за претпристапна помош (ИПА) преку програмата “Подготвителни мерки за учество на ИПА земјите во работата на европските агенции”. Со оваа програма се обезбедува размена на знаење и јакнење на капацитетите во областа на делување на агенциите на Европската унија. Со помош на грантови кои се обезбедуваат од страна на Европската комисија, ЕФСА соработува со ИПА земјите  уште од 2006 година.
  • Резидуи од ветеринарно медицински препарати кај животни и храна: висок степен на усогласеност со препорачаните нивоа

    15.04.2020
    Согласно податоците од последниот извештај на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), присуството на резидуи од ветеринарно медицински препарати и непожелни супстанции кај животни и храна од животинско потекло во голема мерка е во согласност со препорачаните нивоа во Европската унија. Извештајот ги сумира податоците од мониторингот собрани во 2018 година.
  • Годишен извештај за пестициди

    10.04.2020
    Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) го објави годишниот извештај за резидуи од пестициди кои се наоѓаат во храната во Европската унија. Извештајот се заснова на податоци од официјалните контроли што ги спроведуваат земјите членки на ЕУ, Исланд и Норвешка и вклучува таргетирано и земање примероци по случаен избор.
  • Меѓународна година на здравјето на растенијата: EFSA пушти во употреба нова микро веб страна

    02.04.2020
    Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) ја одбележува Меѓународната година на здравјето на растенијата. По тој повод ЕФСА пушти во употреба микро веб-страна, во која се прикажува работата на ЕФСА заедно со своите партнери во борбата против штетниците на растенијата и заштитата на европските култури, паркови и градини.
  • Нема научни докази дека храната е извор или преносител на корона вирусот

    11.03.2020
    Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) будно ја следи ситуацијата во однос на појавата и ширењето на Корона вирусот (COVID-19) од кој се зафатени голем број земји ширум светот. Во моментов не постојат научни докази дека храната претставува извор или преносител на овој вирус.

 

Известувања

 

Состаноци на научни мрежи на EFSA

  • 2019
  • 2018