Секторот за нови прехранбени технологии е надлежен за креирање политика и легислатива во врска со храната и состојки на храната произведена со иновирани технологии, храната третирана со јонизирачко зрачење, храната која содржи или е составена од генетски модифицирани организми, како и во врска со природната минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода.
Во Секторот се спроведуваат постапките за одобрување на производите од овие категории пред да се пласираат на пазарот во Република Северна Македонија заради нивната специфичност и дејство врз здравјето на луѓето, како што се:
- постапката за одобрување на храна и состојки на храна произведена со иновирани технологии
- постапка за одобрување на природните минерални води, изворските води и другите пакувани води
Во рамки на Секторот за нови прехранбени технологии функционираат две одделенија:
- Одделение за генетски модифицирана храна
- Одделение за храна произведена со иновирани технологии и јонизирачко зрачење
Повеќе информации за одделните категории храна во надлежност на Секторот за нови прехранбени технологии и за постапката за нивно одобрување може да се добие на следните врски:
- Генетски модифицирана храна
- Храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии
- Храна третирана со јонизирачко зрачење
- Природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода