Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Сектор за здравствена заштита и благосостојба на животни

Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните го координира работењето на Одделението за здравствена заштита на животните, Одделението за благосостојба на животните, Одделението за идентификација и регистрација на животните и Одделението за планови за итни мерки и учествува во изготвување на закони и подзаконски акти, програми и други акти од областа на ветеринарството, подготвува анализи, информации за состојбата со здравствената заштита на животните, организира и остварува соработки со други надлежни органи и сектори.
 

1.1 Одделението за здравствена заштита на животните, ги врши следните работи:

  • ја следи состојбата со болестите кај животните во Република Северна Македонија;
  • подготвува програми за контрола/ерадикација на болести кај животните;
  • подготвува извештаи за здравствената состојба кај животите;
  • го одржува Националниот епизоотиолошки информативен систем и другите бази на податоци за здравствена заштита на животните;
  • ја следи состојбата со заразни болести во светот;
  • изработува законски и подзаконски акти од областа на здравствената заштитана животните;
  • врши проверка на фактурите доставени од ветеринарните друштва кои ги спроведуваат програмите и мерките за здравствена заштита на животните;
  • води евиденција и регистар на ветеринарни друштва;
  • комуницира со меѓународните организации од областа на здравствената заштита (ОИЕ, ФАО, Европскиот парламент во Стразбур, итн).

 


 

1.2 Одделението за благосостојба на животните, ги врши следните работи:

  • ја следи состојбата со благосостојбата кај животните во Република Северна Македонија;
  • подготвува планови за унапредување на благосостојбата на животните;
  • подготвува извештаи за благосостојбата кај животите;
  • подготвува подзаконски акти во врска со благостостојбата кај животните;
  • учествува во подготовка на законски и подзаконски акти од областа наблагосостојбата на животните;
  • врши проверка на фактурите за извршени активности во врска со благосостојбата на животните;
  • комуницира со меѓународните организации во врска со благостостојба на животните (ОИЕ, ФАО, Европскиот парламент во Стразбур, итн).

 


 

1.3 Одделението за идентификација и регистрација на животните, ги врши следниве работи:

  • идентификација и регистрација на животните;
  • регистрација на одгледувалиштата на животни и редовно ажурирање на податоците од Централниот регистар на одгледувалишта;
  • изготвува планови за унапредување на системот за идентификација и регистрација на животните;
  • врши контрола на работата на кланиците во делот за ИиР, дава помош и консултации воврска со нивните задолженија и задачи;
  • ја следи работата на добиточните пазари во делот за ИиР, дава консултации и техничка помош;
  • дава логистичка поддршка, техничка помош и обука на ветеринарните станици, кланиците, одгледувачите и другите засегнати страни;
  • подготовува и издава индивидуални документи за движење на животните и контрола на нивната испорака;
  • врши администрирање на централната база на податоци, контрола на целата база на податоци за непречено одвивање на процесот на внесување на податоците во базата;
  • организира надзор на спроведувањето на контролата на одгледувалиштатана животни во однос на ИиР на територијата на Република Северна Македонија.

 


 

1.4 Одделението за планови за итни мерки, ги врши следните работи:

  • ја следи состојбата со особено опасните заразни болести кај животните во Република Северна Македонија;
  • подготвува планови за итни мерки, оперативни постапки, работни насоки и инструкции, обрасци, контролни листи, информативни материјали за подигање на јавната свест и материјали за јакнење на капацитетите на АХВ за особено опасни заразни болести кај животните;
  • учествува во подигање на јавната свест за болести кои се особено опасни по здравјето на животните;
  • одржува целосна подготвеност за спроведување на плановите за итни мерки и оперативните прирачници;
  • планира, организира и спроведува симулациони вежби;
  • комуницира со релевантните институции во Република Северна Македонија во насока на сузбивање и искоренување на особеном опасни болести кај животните;
  • комуницира со меѓународните организации од областа на здравствената заштита;
  • следење на состојбата со набавка и дистрибуција на опрема потребна за сузбивање и искоренување на особено опасните болести кај животните.