Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Годишен извештај за пестициди

10.04.2020
Годишен извештај за пестициди

Извештај на Европската унија за 2018 година за резидуи од пестициди во храната

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) го објави годишниот извештај за резидуи од пестициди кои се наоѓаат во храната во Европската унија. Извештајот се заснова на податоци од официјалните контроли што ги спроведуваат земјите членки на ЕУ, Исланд и Норвешка и вклучува таргетирано и земање примероци по случаен избор.

Во 2018 година биле анализирани вкупно 91.015 примероци, од кои 95,5% биле во рамки на дозволените нивоа. Од 11.679 примероци кои биле анализирани како дел од координираната контролна програма на ЕУ (по случаен избор), 98,6% биле во дозволените граници.

Извештајот дава слика за присуството на резидуи од пестициди во храната во ЕУ и евентуалниот ризик по здравјето на потрошувачите. Истовремено, на менаџерите со ризик им обезбедува важни информации врз кои ќе може да ги засноваат одлуките за идните контролни мерки.

“Овој извештај со години ја поддржува работата на Европската комисија и на земјите членки на ЕУ во обезбедувањето на правилна примена на пестициди во согласност со законодавството на ЕУ. Ефикасното собирање и ригорозните мерки за анализа на ваквите податоци и понатаму ќе бидат од клучно значење за обезбедување на безбедноста на храната во Европската унија“, изјави Бернард Урл, извршен директор на ЕФСА.

 

Земање примероци по случаен избор наспроти земање примероци врз основа на проценка на ризик

Земањето примероци по случаен избор е од особено значење бидејќи опфаќа иста група на производи кои што се предмет на мониторинг на секои 3 години, што значи дека може да се идентификуваат нагорни или надолни трендови за специфични производи.

Анализата на податоци покажа дека  во периодот помеѓу 2015 и 2018 година, процентот на примероци од резидуи на пестициди се зголеми кај бананите (од 0,5% на 1,7%), слатките пиперки (1,2% на 2,4%), модрите патлиџани (0,6% до 1,6%) и трпезното грозје (1,8% до 2,6%). 

Од друга страна, во 2018 година во однос на 2015 година има надолни трендови кај брокулата (од 3,7% на 2%), маслиновото масло (0,9% на 0,6%) и јајцата (0,2% на 0,1%).

Во насока на олеснување на пристапот до резултатите од координираната програма на ЕУ на лицата кои не се професионалци во оваа област, годинава, ЕФСА ги престави резултатите и во форма на графикони кои се достапни на следниов линк: browsable charts and graphs.

За разлика од земањето примероци по случаен избор, националните контролни програми се засноваат на ризик и опфаќаат производи за кои постои сомнеж дека содржат резидуи од пестициди или приоизводи за кои се утврдени законски прекршувања во претходните години. Овие програми им даваат важни информации на менаџерите со ризик, но за разлика од податоците од координираната програма на ЕУ, тие не даваат статистички репрезентативна слика за нивоата на резидуи од пестициди што би се очекувало да се најдат во храната на полиците во продавниците низ Европа.

 

Проценка на ризик

ЕФСА спроведе проценка на ризик во исхраната како дел од анализата на резултатите. Спроведената проценка покажа дека производите анализирани во 2018 година не претставуваат ризик по здравјето на потрошувачите. Сепак, предложени се голем број препораки за зголемување на ефикасноста на европските системи за контрола, а со тоа се обезбедува високо ниво на заштита на потрошувачите.
Целиот извештај е објавен на веб страната на ЕФСА на следниот линк: The 2018 European Union report on pesticide residues in food

Ознаки
Категорија