Секторот за инспекциски надзор учествува во подготовка на закони и под законски акти, програми и други акти од областа на ветеринарството, безбедноста на храна и материјали кои доаѓаат во контакт со храна и храната за исхрана на животни, врши стручна соработка и размена на информации меѓу останатите сектори и одделенијана Агенцијата, се грижи за ажурирање на евиденцијата за извршените работи од ветеринарните инспектори и државните инспектори за храна на граничните премини и учествува и спроведува активности на меѓународно ниво во врска со потребите на Секторот. Секторот се грижи за начинот на организирање и вршење на стручна контрола на операторите со храна, храна за животни и други физички и правни лица, согласно важечкото законодавство од областа на ветеринарното јавно здравство, прави анализи и извештаи и врши други работи во врска со јавното ветеринарно здравство. Секторот за инспекциски надзор ги опфаќа контролата на храната и храната за животни при увоз, извоз, транзит и реекспорт и контролата на живи животни при увоз, транзит, извоз и реекспорт. Работните задачи на овој сектор се одвиваат и на граничните премини, на граничните терминали во внатрешноста на државата и во складовите каде е складирана храната и храната за животни или местата каде се испратени на чување живите животни. Секторот врши и контрола на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната при увоз, транзит, извоз и реекспорт.
Секторот го координира работењето на:
- Одделение за државна инспекција за здравствена заштита на животните
- Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство
- Одделение за државна инспекција за храна од неживотинско потекло
- Одделение за државна ветеринарна инспекција на граничен премин
- Одделение за државна инспекција на граничен премин за храна од неживотинско потекло
- Одделение за меѓународна трговија и сертификација
Годишни планови