Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Август 2013

Постапка за одобрување

Збогатената храна пред да се стави на пазарот во Република Северна Македонија треба да биде одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Одобрени/забранети состојки

Листи на дозволени супстанции

- Листи на дозволени супстанции кои можат да се употребуваат во производство на додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба  и збогатена храна, освен за храна за која постојат посебни прописи за употреба на одредени супстанции
- Листи на забранети супстанции кои не можат да се употребуваат во производство на додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба и збогатена храна

Постапка за одобрување

Храната за посебна нутритивна употреба пред да се стави на пазарот во Република Северна Македонија треба да биде одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Додатоци во исхраната

Додатоците на исхрана се прехранбени производи чија цел е да ја дополнуваат нормалната исхрана и кои се концентрирани извори на нутриенси или други супстанции со нутритивен или физиолошки ефект, сами или во комбинација, пуштени во промет во дозирана форма во вид на капсули, пастили, таблети и други слични форми, кеси со прашкаста супстанца, ампули со течност и други слични форми на течни или прашкасти супстанции дизајнирани да можат да бидат употребени во мали мерливи единечни количини.

Постапка за одобрување

З А К О Н

ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА

(ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ)

Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година

Член 150

(Член 55 од Законот објавен во „Службен весник

на Република Северна Македонија бр. 187/13“)

Се забранува производство, ставање во промет, увоз во Република Северна Македонија на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО.

Одобрени/забранети ГМО

Во Република Северна Македонија сеуште нема одобрено ГМО храна.

Регистерот на одобрена ГМО храна ќе биде јавно објавен на овој портал.

Одобрените ГМО храни во рамки на Европската Унија можете да ги најдете на следниот линк: http://ec.europa.eu/food/dyna/gm_register/index_en.cfm 

Легислатива

Република Северна Македонија има воспоставено правна рамка за регулирање  на ГМО храната , со цел да се осигура дека развојот на модерната биотехнологија и нејзината употреба во производството на храна е безбедна по здравјето на луѓето.