Одделението за работи поврзани со Директорот - Кабинет е независно одделение во Агенцијата за храна и ветеринарство, непосредно одговорно за својата работа пред Директорот/Замени директорот. Одделението ги закажува, организира и координира активностите за одржување на стручните колегиуми на Агенцијата, организира и закажува состаноци и приеми кај директорот/заменик директорот, организира работни и протокаларни посети на претставници и делегации од странство. Во негова надлежност е и подготвување и проучување на материјалите и подготовка на мислења и белешки во врска со нив за разни состаноци на кои учествува менаџментот на Агенцијата, ја прима и ја разгледува поштата упатена до директорот/заменик директорот, ја следи реализацијата на програмите за работа на Владата и Собранието на Република Северна Македонија.
Во надлежност на Одделението за работи поврзани со директорот – Кабинет е и реализирање на активности за информирање на медиумите и пошироката јавност.
Со Одделението за работи поврзани со директорот – Кабинет, раководи раководител на Одделението.
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари