Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Нацрт верзии на прописи

Согласно Законот за безбедност на храна (“Службен Весник на Република Македонија” бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16  64/18 и 209/23), изработени се правилници за потребите на Агенцијата за храна и ветеринарство со цел регулирање на активностите на лабораториите во делот на безбедност на храна и ветеринарно здравство.

 

 

Правилниците се изработени во нефинална форма и после неколку коресподенции со Секретаријат за законодавство, сакаме да добиеме мислења од јавноста во врска со правилниците.

Со ставање на правилниците на веб страната на Агенцијата, ќе може и пошироката јавност да имаат пристап и да можат да се остави свое мислење, предлог, сугестија или дополна која би била законски издржана.

Ве молиме Вашето мислење во врска со овие правилници да ни го испратите на официјалната адреса на Агенцијата за храна и ветеринарство info@fva.gov.mk до 14.04.2025 година (понеделник).