Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Меѓународна година на здравјето на растенијата: EFSA пушти во употреба нова микро веб страна

02.04.2020
Меѓународна година на здравјето на растенијата: EFSA пушти во употреба нова микро веб страна

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) ја одбележува Меѓународната година на здравјето на растенијата. По тој повод ЕФСА пушти во употреба микро веб-страна [ВРСКА] во која се прикажува работата на ЕФСА заедно со своите партнери во борбата против штетниците на растенијата и заштитата на европските култури, паркови и градини.

Оваа веб-страна ќе се ажурира во текот на целата година со вести и информации за активности поврзани со подигнување на свеста за здравјето на растенијата во Европа и пошироко, придонесувајќи во напорите кои се даваат од страна од Меѓународната конвенција за заштита на растенијата (IPPC) и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Растенијата сочинуваат 80 проценти од храната што ја јадеме. Сепак, тие се предмет на постојан напад од штетници, при што ФАО проценува дека до 40 проценти од земјоделските култури се уништуваат на глобално ниво секоја година. Факторите како климатските промени, глобализацијата на трговијата и туризмот ги влошуваат работите.

Обединетите нации ја прогласија 2020 година за Меѓународна година на здравјето на растенијата (IYPH):

  • за да се подигне свеста за тоа како заштитата на здравјето на растенијата може да помогне да се стави крај на гладта и да се намали сиромаштијата
  • за да се заштити животната средина, да се зајакне економскиот развој
  • за да се придонесе за постигнување одржливост на развојните цели на ООН.

Според ЕФСА, 2020 година не е само Меѓународна година на здравјето на растенијата, туку и година кога се спроведува новиот Закон за здравјето на растенијата во рамките на Европската унија. 
ЕФСА има започнато неколку меѓусебно поврзани проекти кои ги поддржуваат напорите на Европската комисија да ја заштити ЕУ од штетници и болести кај растенијата и да им помогне на земјите-членки да се подготват за идните закани.

Дополнително на тоа тоа, ЕФСА планира спроведување активности во текот на целата година со цел поддршка на IYPH, кои исто така ќе бидат тековно објавувани на новата веб-страница. 
Веб страната на ЕФСА им овозможува на корисниците да истражат неколку различни теми во оваа област и да добијат јасна и детална слика за активностите што ги спроведува ЕФСА за следење на појавените штетници; за надзор на штетниците, а за истото ЕФСА има обезбедено пакет-алатки кои вклучуваат картички за преглед на штетници, упатства за анкета и статистички алатки; листа на 20-те приоритетни штетници идентификувани од Европската комисија; растенија со висок ризик чиј влез во ЕУ е забранет; како и проценки на ризик од штетници и категоризација на штетници.
 

Ознаки
Категорија