Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Комисија за одлучување по прекршоци

Комисијата за одлучување по прекршок одлучува по прекршоците по Законот за безбедност на храна, Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007, 24/2011, 136/2011, 123/2012, 123/15, 154/15, 53/2016), Законот за безбедност на храна за животни („Службен весник на Република Македонија” бр. 145/2010, 53/2011, 1/2012, 33/2015, 149/2015 и 53/2016 ), Законот за благосостојба и заштита на животните („Службен весник на Република Македонија” бр. 149/2014 и 149/2015), Законот за идентификација и регистрација на животните („Службен весник на Република Македонија” бр. 95/12, 27/14 и 149/15) и други закони од областа на ветеринарството.

Комисијата е формирана од страна на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, а е составена од овластени службени лица вработени во Агенцијата, од кои едно лице е претседател на Комисијата, нивни заменици и администратор на комисијата. Комисијата при водењето на прекршочната постапка соодветно ги применува одредбите од Законот за прекршоци, Комисијата е самостојна и независна во своето работење и одлучува врз основа на закон, по слободно убедување, користејќи го своето стручно знаење.

Информации