Оддделението за финансиски прашања како независно одделение кое е под дирекна надлежност на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија своите активности ги извршува во функција на целосно и правилно спроведување на материјално - финансиското работење за остварување на целите и прериоритетите во работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство согласно планираните активности со Стратешкиот план на АХВ и планираните средства одобрени со Буџетот на Р.С.Македонија.
Целите и приоритетите во работењето на Одделението за финансиски прашања претежно се однесуваат на:
- контрола врз процесот на превземање и исплата на финансиските обврски;
- контрола врз процесот на јавните приходи во надлежност на АХВ;
- рационално и ефикасно искористување на средствата обезбедени со Буџетот на Р.С.Македонија, според програмските и други активности кои се планирани со Планот за јавни набавки.
Преку воспоставената редовна хронолошка евиденција во материјално-финансиското работење во одност на целокупната влезна и излезна документација (фактури, приемници, испратници, извештаи, изводи, благајнички извештаи, решенија, анализи и друго) се обезбеди поголема прегледност и ажурност во финансиско-книговодствената евиденција и документација, книговодствените настани и промени во средствата, изворите на средствата, приходите и расходите.
Одделението за финансиски прашања има непрекината комуникација, кординација и размена на информации со сите организациони единици на АХВ (сектори, одделенија и подрачни единици) со цел подобрување на работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Одделението за финансиски прашања навремено го отпочнува буџетскиот процес за тековната година притоа имајќи ги во предвид процедурите за изготвување на Стратешкиот план и Предлог-Буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство. Буџетското барање на АХВ се изготвува во рамки на максималните износи на расходи во кои се искажани реалните потреби на АХВ проследени со целосно издржана аргументација и образложенија како реални согледувања и потреби за тековните години.
Во својот делокруг на работа, покрај горенаведените, се и следниве активности:
- Подготовка на Буџетските барања за наредни години
- Изработка на Финасиските планови
- Изработка на полугодишни и годишни извештаи за реализација на програмите
- Изработка на прегледи за достасаните ненамирени обврски
- Изработка на Годишни финансиски извештаи
- Изработка на извештаи за усогласување со извештаите од трезорот за пријавените повеќегодишни обврски
- Изработка на Решение за внатрешна распределба на Буџетот за тековните години.
Корисни врски
- Закон за јавна внатрешна финансиска контрола (Службен весник на Р.М. бр.90/09,192/15) [врска]
- Прирачник за финансиско управување и контрола [врска]
- Правилник за општи финансиски процеси ( Службен весник на Р.М. бр.147 од 11.10.2010 година) [врска]
- Упатство за начинот на трезорско работење ( Службен весник на Р.М. бр.161 од 30.12.2009 година) [врска]
- Правилник за начинот на спроведување внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет, преземање финансиски обврски и извршување плаќања ( Службен весник на Р.М. бр.147 од 11.10.2010 година) [врска]
- Закон за сметководството на буџетите и буџетските корисници ( Сл.весник на РМ бр.61/02, 98/02 и 81/05) [врска]
- Закон за јавни набавки [врска]
- Министерство за финансии | Управа за јавни приходи | Службен весник