Согласно податоците од последниот извештај на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), присуството на резидуи од ветеринарно медицински препарати и непожелни супстанции кај животни и храна од животинско потекло во голема мерка е во согласност со препорачаните нивоа во Европската унија. Извештајот ги сумира податоците од мониторингот собрани во 2018 година.
Процентот на неусогласени примероци изнесувал 0.3%, што е во рамки на 0,25% -0,37% пријавени во текот на претходните 10 години.
Во споредба со 2017 година, неусогласеноста е незначително повисока за антитироидни агенси и стероиди. Од друга страна, забележано е намалување на неусогласенота кај антибактериските и некои други ветеринарно медицински препарати (како што се не стероидни и антивоспалителни лекови), како и други супстанци и загадувачи на животната средина (хемиски елемети и микотоксини)
Со извештајот на ЕФСА се опфатени 657.818 примероци од 28 земји членки на ЕУ.
Заради подобрување на транспарентноста во своето работење,Европската агенција за безбедност на хранаги објавува податоците од мониторингот на земјите членки на ЕУ и истите се достапни преку т.н отворена библиотека со податоци: The data are available on Knowledge Junction, а тоа пак дава можност за повторно користење на доказите при изготвување на проценка на ризик за храна и храна за животни.
Животните наменети за производство на храна можат да бидат третирани со ветеринарно медицински препарати заради лекување или спречување на болест. Истите супстанци може да остават резидуи во храната добиена од животните кои биле третирани.
Покрај тоа, храната може да содржи и резидуи од пестициди и контаминенти на кои животните биле изложени. Поради оваа причина, земјите членки на ЕУ спроведуваат мониторинг планови за резидуи, со цел детектирање на нелегална употреба и злоупотреба на ветеринарно медицинските препарати.
Целиот извештај е објавен на веб страната на ЕФСА на следниот линк: