Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
EFSA Focal Point
Соопштенија
-
Европската агенција за безбедност на храна ја започна кампањата СТОП за Африканската чума кај свињите во југо-источниот дел на Европа
-
ЕФСА објави ажурирано научно мислење за опциите за контрола на кампилобактер на ниво на фарми за бројлери
Со повеќе од 246.000 случаи кај луѓето на годишно ниво, кампилобактериозата претставува најчесто пријавувана болест на ниво на Европската унија која се пренесува преку храната. Согласно најновите проценки, на ниво на ЕУ системите за јавно здравје годишно трошат приближно 2,4 билиони евра за справување со кампилобактериозата. -
Објавен техничкиот извештај за Република Северна Македонија во рамки на СИГМА проектот на ЕФСА
Соработката на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија со Европската агенција за безбедност на храна, како и посветеноста во насока на следење на глобалните трендови чија цел е заштита на јавното здравје и здравствената заштита на животните, резултираше со приклучување на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија во конзорциумот кој го спроведува SIGMA проектот. -
Листерија во замрзнат зеленчук: како да се намали ризикот
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) направи проценка на ризикот по јавното здравје од контаминацијата со Листерија преку зеленчук кој е бланширан во топла вода или на пареа пред истиот да се замрзне. ЕФСА дојде до заклучок дека ризикот поврзан со конзумирање на овие производи е помал отколку кај производите кои се готови за конзумирање како што е димената риба, зготвеното месо, колбаси, паштета, младото сирење, кои најчесто се поврзуваат со контаминација со Листерија. -
Соработка ЕФСА и ИПА земји
Вкупно 12 агенции на Европската унија вклучително Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) активно придонесуваат за спроведување на програмите за претпристапна помош (ИПА) преку програмата “Подготвителни мерки за учество на ИПА земјите во работата на европските агенции”. Со оваа програма се обезбедува размена на знаење и јакнење на капацитетите во областа на делување на агенциите на Европската унија. Со помош на грантови кои се обезбедуваат од страна на Европската комисија, ЕФСА соработува со ИПА земјите уште од 2006 година.
Известувања
Состаноци на научни мрежи на EFSA
- 2019
- 2018