Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

ЕФСА објави ажурирано научно мислење за опциите за контрола на кампилобактер на ниво на фарми за бројлери

04.05.2020
ЕФСА објави ажурирано научно мислење за опциите за контрола на кампилобактер на ниво на фарми за бројлери

Со повеќе од 246.000 случаи кај луѓето на годишно ниво, кампилобактериозата претставува најчесто пријавувана болест на ниво на Европската унија која се пренесува преку храната. Согласно најновите проценки, на ниво на ЕУ системите за јавно здравје годишно трошат приближно 2,4 билиони евра за справување со кампилобактериозата.

Кампилобактериозата е зооноза – болест или инфекција која може да се пренесе директно или индиректно помеѓу животните и луѓето.

Вообичаени симптоми се треска, дијареа и грчеви во стомакот. Сировото месо од живина најчесто се контаминира со кампилобактер бидејќи бактеријата може да живее во цревата на здравите птици. Но, оваа бактерија исто така често се појавува и кај свињите и говедата. Најчест извор на инфекција со кампилобактер е конзумирање храна која не е доволно приготвена или храна која е приготвена за директна употреба а која била во контакт со сирово месо од живина.

Согласно најновиот извештај на Европската унија за зоонози репортирани во 2018 година, кампилобактериозата претставува најчесто пријавувана зоонотска болест во ЕУ. Согласно извештајот во 2018 година земјите членки на Европската унија пријавиле вкупно 246.571 случаи на кампилобактериоза. Највисок степен на појава на кампилобактер се детектира во месо од кокошки (37.5%) и месо од мисирки (28.2%).

Во 2011 година, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) објави научно мислење за “Кампилобактер во производството на бројлери: Можности за контрола и цели и/или таргет во различни фази од ланецот на исхрана”. Во 2018 година, на барање на Европската комисија, ЕФСА започна процес на ажурирање на ова научно мислење со главен фокус на примарното производство. Од ЕФСА беше побарано да направи ревизија и да ги утврди и рангира можностите за контрола на ниво на примарно производство земајќи ги во предвид и, доколку е возможно, квантифицирајќи ја очекуваната ефикасност со намалување на позитивните случаи на кампилобактериоза кај луѓето. Беше потребно да се направи проценка на предностите и недостатоците на различните опции на ниво на примарното производство.

Во 2020 година, ЕФСА го објави ажурираното научно мислење за опциите за контрола на кампилобактер на ниво на фарми за бројлери.

Целиот текст на научното мислење може да се прочита на следниот линк:

http://www.efsa.europa.eu/en/efsajournal/pub/6090?utm_source=EFSA+Newsletters&utm_campaign=f4c1718d39-EMAIL_ALERTS_ALL&utm_medium=email&utm_term=0_7ea646dd1d-f4c1718d39-63944757

Ознаки
Категорија