Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Листерија во замрзнат зеленчук: како да се намали ризикот

21.04.2020
Листерија во замрзнат зеленчук: како да се намали ризикот

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) направи проценка на ризикот по јавното здравје од контаминацијата со Листерија преку зеленчук кој е бланширан во топла вода или на пареа пред истиот да се замрзне. ЕФСА дојде до заклучок дека ризикот поврзан со конзумирање на овие производи е помал отколку кај производите кои се готови за конзумирање како што е димената риба, зготвеното месо, колбаси, паштета, младото сирење, кои најчесто се поврзуваат со контаминација со Листерија.

Операторите со храна често го бланшираат зеленчукот пред истиот да го замрзнат бидејќи на тој начин се спречува ензимската активност која може да предизвика губење на вкусот, бојата и текстурата.

Експертите на ЕФСА идентификувале релевантни контролни активности кои може да се спроведат од страна на операторите со храна заради намалување на ризиците од контаминација на замрзнатиот зеленчук. Овие активности вклучуваат чистење и дезинфекција на средината во која се преработува храната, контрола на време и температура за време на различни фази од преработката и правилно означување. 

Тие ја нагласуваат важноста од следење на средината во која се преработува храната во однос на Листеријата. Ова е поради тоа што Листеријата може да опстане во средината во која се преработува храната и тоа може да доведе до контаминација на храната.

ЕФСА има изготвено и препораки како да се намалат ризиците во домашни услови. Клучен фактор е обезбедување на добри хигиенски практики, како што е складирање на замрзнат зеленчук во чист замрзнувач или фрижидер, на соодветна температура и почитување на насоките за безбедно приготвување кои се наоѓаат на означувањето. Генерално, ризикот е значително помал доколку зеленчукот правилно се приготвува по неговото одмрзнување.

Оваа проценка беше иницирана по појавата на Листерија во повеќе земји, а со која беа зафатени 53 лица и предизвикани 10 смртни случаи, во периодот помеѓу 2015 и 2018 година.

 

Листерија

Листеријата припаѓа на семеството бактериии и содржи десет различни соеви. Еден од соевите, Listeria monocytogenes, ја предизвикува болеста Листериоза.
Согласно последниот Извештај за зоонози на ЕФСА и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), бројот на лица заболени од Листериоза во 2018 година е приближен како во 2017 година (во ЕУ во 2018 година биле пријавени 2.549 случаи, додека во 2017 година бројот на пријавени случаи бил 2.480).

Симптомите на Листериоза може да варираат од умерени симптоми, како што се гадење, повраќање и дијареја до посериозни инфекции како што се менингитис и други компликации кои се потенцијално опасни по животот на луѓето. 

На оваа болест најподложни се старите лица, бремените жени, новороденчињата и лицата со слаб имунолошки систем.
 
Целиот текст на научното мислење може да се причита на следниот линк

The public health risk posed by Listeria monocytogenes in frozen fruit and vegetables including herbs, blanched during processing

Ознаки
Категорија