Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Објавен техничкиот извештај за Република Северна Македонија во рамки на СИГМА проектот на ЕФСА

22.04.2020
Објавен техничкиот извештај за Република Северна Македонија во рамки на СИГМА проектот на ЕФСА

Соработката на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија со Европската агенција за безбедност на храна, како и посветеноста во насока на следење на глобалните трендови чија цел е заштита на јавното здравје и здравствената заштита на животните, резултираше со приклучување на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија во конзорциумот кој го спроведува SIGMA проектот.

Република Северна Македонија, претставувана од Агенцијата за храна и ветеринарство е првата земја која не е членка на Европската унија, која беше официјално поканета да се приклучи во конзорциумот и рамноправно да учествува во неговото спроведување, давајќи свој придонес за успешна имплементација на проектот.

Конзорциумот е формиран со цел да се обезбеди научна и техничка поддршка на Европската комисија во процесот на спроведување епидемиолошка анализа на појавата на болести кај животните (Африканска чума кај свињите, Јазлеста кожа кај говедата и Авијарна инфлуенца) и проценката на податоците од спроведените надзори во однос на Echinococcus multilocularis и Авијарната инфлуенца.

Првата фаза на проектот се состоеше од идентификација и мапирање на националните органи надлежни за податоците поврзани со популација на животните и болестите кај животните со акцент за болестите кои се опфатени со проектот.

Врз основа на пополнетите прашалници и комуникацијата помеѓу одговорните лица од СИГМА конзорциумот и Агенцијата за храна и ветеринарство, изработен е технички извештај кој е објавен на веб страната на ЕФСА, а текстот на иститот може да се прочита на следниот линк

https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/abs/10.2903/sp.efsa.2020.EN-1833

Ознаки
Категорија