Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Во пресрет на новогодишните празници, а со цел спречување на евентуална продажба на небезбедна храна на граѓаните во услови на зголемена продажба и потрошувачка, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат засилени контроли во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна на македонскиот пазар. Од почетокот на годинава досега извршени се вкупно 55.820 контроли кај операторите со храна. Како небезбедни, поради поминат рок на употреба, микробиолошка неисправност, неправилно означување и декларирање, поништени или вратени се вкупно 237.774 килограми небезбедна храна.
АХВ и ОПМ го издадоа новиот е - билтен Потрошувачите и храната
Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата за потрошувачи на Македонија го издадоа двобројот на електронскиот билтен за потрошувачите и храната. Во овој број стручните лица обработија теми кои се однесуваат на исхраната во зимскиот период, за јогуртот како здрава и вкусна намирница, за ГМО храната и грижата за потрошувачите и за исхраната при воспалителни цревни заболувања.
АХВ потпиша договор за научно техничка соработка со италијанското Министерство за здравство
За воспоставување основа за научна соработка и за техничка и административна поддршка во областа на безбедностa на храната и ветеринарното јавно здравство и за зајакнување на контролата на заразните болести на животните, зоонозите и алиментарните интоксикации во Република Северна Македонија и Република Италија, денес,во Рим, Република Италија, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, со генералниот директор на Директоратот за здравствена заштита на животните и ветеринарно медициснките препарати при Министерството за здравство на Република Италија, г-дин Силвио Борело и г-ѓа Гаетана Фери, директор на Генералниот директорат за хигиена..
„Коалиција против ГМО“ неосновано шири невистини за ГМО храната
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира наводите од денешното соопштение на неформалната група граѓани и организации „Коалиција против ГМО“ во врска со изјавите на директорот на АХВ Зоран Атанасов дадени во емисијата Отворено студио на ТВ 1, во врска со ГМО храната. Како одговорна институција за безбедноста на храната, ја информираме јавноста дека сите наводи изнесени во соопштението се невистинити и голем дел се однесуваат на надлежности на други институции, а не на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Одржан работен состанок со Светска Банка
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, одржа работен состанок со претставници на Светска Банка и ИФЦ- најголема глобална развојна институција, компанија членка на Светска Банка фокусирана на приватниот сектор и земјите во развој. На состанокот се направи пресек на претходните интервенции на поддршка од Светска Банка,..