Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
АХВ активно вклучена во борбата против антимикробната отпорност
Од 12 до 16 ноември се спроведува кампања за одбележување на Светската недела за подигнување на свеста за употреба на антибиотици (World Antibiotic Awareness Week). Целта на оваа кампања е да се подигне свеста во однос на ризиците по здравјето на луѓето и животните предизвикани од отпорноста кон антибиотици и да се промовираат добрите практики, но ида се ограничи појавата и ширењето на отпорни бактерии на глобално ниво.
Од 8 ноември до 31 декември, АХВ ќе спроведе попис на свињи
Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за спроведување на заштитни мерки – попис и идентификација на приемчиви животни на болеста Африканска чума кај свињите, со што ги прошири превентивните мерки за спречување на појава и ширење на оваа болест. Согласно решението, пописот ќе го спроведат ветеринарните друштва кои со Агенцијата имаат потпишано договор за реализација на активности од јавен интерес, почнувајќи од 8 ноември и истиот ќе заврши на 31 декември годинава.
Успешно реализирана втората крводарителна акција годинава
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и триесеттина вработени во Агенцијата, денес со доброволно дарување крв ја потврдија својата хуманост и беа дел од крводарителната акција која се одржа во Агенцијата за храна и ветеринарство. Акцијата се реализира во организација на Црвениот крст на општина Центар и Заводот за трансфузициона медицина.
AХВ домаќин на Седмиот состанок на Постојана експертска работна група на југоисточна Европа за болеста на Чвореста кожа
Под покровителство на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекугранични болести кај животните (GF-TADs), вчера и денес во Охрид, Агенцијата за храна и ветеринарство беше домаќин на Седмиот состанок на Постојана експертска работна група на југоисточна Европа за болеста на Чвореста кожа. На состанокот присуствува високи претставници од Европската комисија, од Генералниот директорат на ЕК за здравје и безбедност на храна, претставници од Светска организација за здравствена заштита на животните, Европска агенција за безбедност на храна, како и високи претставници од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, EU FMD, Европската референтна лабораторија, како и претставници од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, во својство на Национална референтна лабораторија за болеста на Чвореста кожа.