Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Агенцијата за храна и ветеринарство го најостро го демантира известувањето пратено до собирачите на други шумски производи, испратено од ,,Македонски шуми,, ПСШ Демир Капија во кое неодговорно се тврди дека во Република Северна Македонија е потврдена појавата на опасната заразна болест Африканска свинска чума кај диви свињи.
Хрватскиот Институт за ветеринарство ќе ги сподели искуствата за отворање на преговорите со ЕУ
Пренесување на искуствата во процесот на отворањето на преговорите за членство на Република Хрватска во Европската унија во делот на ветеринарството, состојбата со безбедноста на храната од животинско потекло во оваа земја, презентирање на поставеноста на хрватскиот Ветеринарен институт во системот на здравствена заштита на животните со поставување на основите на идната соработка со македонската Агенција за безбедност на храната, се темите на кои дискутираа на денешната средба, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и првиот човек на Хрватскиот ветеринарен институт , проф Д-р Борис Хабрун.
Се унапредува соработката меѓу македонската и бугарската институција за безбедност на храната
Унапредување на соработката на македонската и бугарската институција за безбедност на храната на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита на животните беа дел од темите на денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и Иваило Стефанов, економски советник во Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија.
Реализирана регионалната обука за справување со радиолошки и нуклеарни кризи
Агенцијата за храна и ветеринарство со поддршка од Меѓународната агенција за атомска енергија, денес ја заокружи реализацијата на двонеделната Регионална обука за опциите за управување при справување со радиолошки и нуклеарни кризи во системите за производство на животните. Директорот на Агенцијата Зоран Атанасов, на учесниците им додели сертификати за учество и се заблагодари за активната вклученост во реализацијата на обуката, која ја водеа експерти од Белорусија и Украина, изразувајќи надеж дека стекнатите знаења на обуката, учесниците ќе ги применат во нивните земји.