Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Со поддршка на Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД) при Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, Агенцијата за храна и ветеринарство денес, во Струмица, успешно ја реализира Симулациската вежба за лигавка и шап.Преку теоретскиот и практичниот дел од вежбата кој се реализираше на краварска фарма, со помош на експерт од ЕуФМД, стручни лица од секторите за инспекциски надзор, за здравствена заштита и благосостојба на животните, официјални ветеринари, претставници од лабораторијата при Факултетот за ветеринарна медицина, од македонската ветеринарна комора и од ветеринарните друштва, извршија тестирање на и зајакнување на воспоставениот систем и мерките за контрола и справување со болеста Лигавка и шап.
Одржан третиот состанок на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни
>Што е акриламид, како настанува во храната, каква е европската регулатива за воспоставување мерки и која е референтната точка за ублажување на неговото присуството во храната, во кој вид храна најчесто се сретнува, дали постои и која е толерантната доза, што говорат податоците од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни на Европската унија? Ова се дел од прашањата на кои се дискутираше денес, на третиот состанок на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни, кој го организираше Агенцијата за храна и ветеринарство.
Генерално собрание на ОИЕ во Париз: Новите стандарди за контрола на болестите кај животните, топ тема
Во период од 21 до 25 мај 2018 година, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-дин Зоран Атанасов, во улога на делегат и главен ветеринарен службеник, учествува на 86 Генерално Собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) кое се одржува во Париз, Франција. Основна тема на Генералното собрание на ОИЕ оваа година се новите стандарди кои се воспоставуваат од аспект на мерки за контрола на болести кај животните, вклучително и мерките за контрола на болестите кај животните кои се пренесуваат на луѓето, мерки за обезбедување безбедност при меѓународна трговија со животни и производи од животинско потекло, како и благосостојбата на животните.
Со поддршка на ФАО, АХВ ќе го реализира проектот за борба против Африканска свинска чума
ФАО ја зголемува поддршката за македонското земјоделство за 1,5 милиони долари со реализација на 4 проекти за регионална соработка во областа на здравјето на животните и растенијата, намалувањето на загубите и отпадот на храна и за одржливо управување со рибните ресурси. На денешната заедничка прес конференција, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ја официјализираше соработката потпишувајќи ги четирите проекти.