Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Производството, преработката и тргoвијата со свинско месо редовно се контролира
Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ја демантира изјавата на Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци, пренесена од неколку медиуми во која тој неосновано бара да се води контрола на продажбата на свежо свинско месо во земјава, упатувајќи барање свежото свинско месо во прометот да не е претходно замрзнато.
Трихинелозата присутна кај дивечот во РМ
Со лабораториско тестирање на земени 170 мостри од застрелани диви свињи, во рамки на Мониторинг програмата, Агенцијата за храна и ветеринарство утврди присуство на болеста Трихинелоза кај девет единки – 5 во регионот на Радовиш, 2 во Кривопаленечко, 1 позитивна мостра е утврдена кај дива свиња во Валандово, и една во Тетовско.
Од почетокот на идната година АХВ почнува со одобрување на превозниците на живи животни
Агенцијата за храна и ветеринарство од почетокот на идната година почнува со спроведување на активности за одобрување на комерцијалните превозници на живи животни. Станува збор за активности кои треба да се реализираат во согласност со одредбите за заштита и благосостојба на животните за време на превоз од Законот за заштита и благосостојба на животните и Правилникот за заштита и благосостојба на животните за време на превоз.
АХВ ќе одобрува превозници на живи животни