Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Од полиците се повлекуваат 20 тони од УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, со сериски број/лот- LOT FD04, датум на производство 05.10.2022 и рок на употреба 04.03.2023, увезено од Босна и Херцеговина кое во целокупната количина е пласирано на пазарот, поради утврдено присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, колку што е дозволено со нашите прописи...
Во периодот од 2 до 4 ноември 2022 година се спроведе експертска мисија во рамки на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекугранични болести кај животните.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, поради присуство на присуство на афлатоксин М1 и...
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, вчера и денес во Прага, Република Чешка, учествува на 85 состанок на Советодавниот форум на Европската Агенција за безбедност на храната – EFSA на кој беа разгледани  голем број теми од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните.
Како последица на несоодветното отстранување и ефектите од човечките активности и природата, пластиката може да се разложи на помали честички кои генерално се категоризирани по големина како макро...
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес одржа работен состанок со претставници од здруженијата на одгледувачи на свињи “Гицко” и “Македонско прасе”
Европската комисија (EK) и даде висока оцена на Агенцијата за храна и ветеринарство за постигнатото ниво на подготвеност во евро - интеграциските процеси за надлежностите кои ги има во Поглавјето 12 - Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика за периодот јуни 2021- јуни 2022 година, вбројувајќи ја меѓу институциите во државава кои добија највисока оцена.
Итно обезбедување на експертска група  и помош во справувањето со болеста африканска чума кај свињите во Република Северна Македонија, договорија на денешниот работен состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), првиот човек на АХВ Николче Бабовски и Др Будимир Плавшиќ, директор на Канцеларијата за Европа на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH).
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес, во Катана, Република Италија, како претставник од Република Северна Македонија, за прв пат претседавеше со сесија на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH)...
Високите биосигурносни мерки на фармите – гаранција за елиминирање на африканската чума кај свињите