Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Новото најавено зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени Целзиусови, ги зголемуваат ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се преземат мерки за обезбедување на доволни количини безбедна храна и вода за пиење.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера попладне спроведоа вонреден инспекциски надзор во ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје, по добиената информација од Министерството за внатрешни работи (МВР) и медиумите дека таму нелегално се заклани десеттина коњи, чие месо ќе се користи за исхрана на дивите животни.
Светската асоцијација за јод (WIA) ве поканува на својата втора меѓународна конференција за јод во прехранбените системи и здравството, планирана во Ротердам на 3-4 ноември.
Во организација на работната група на ФАО за антимикробна отпорност (АМО) со релевантните технички мрежи на ФАО, секој втор четврток во месецот, од 12:30-13:30 по средноевропско време се одржуваат серија месечни вебинари чија цел е информирање на учесниците за одредени научни и технички теми поврзани со антимикробната отпорност (АМО).
Од 06 до 17 јуни 2022 година, виртуелно, се одржа 95ти состанок на Заедничкиот ФАО/СЗО експертски комитет за адитиви во храната (Joint Food and Agriculture Organization (FAO)/World Health Organization (WHO) Expert Committee on Food Additives (JECFA).
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес, во Приштина, Република Косово, одржа работен состанок со Фламур Кадриу директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Косово.
Во рамки на Проектот „Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија“, што Агенцијата за храна и ветеринарство го имплементира со техничка поддршка на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), во соработка со Националната Агенција на Шведска за безбедност на храна и Норвешката Агенција за безбедност на храна, кои воедно се и твининг партнери на Северна Македонија во овој проект, од 05 – 06 јули 2022 година во Скопје се одржа работилница...
Согласно последниот извештај на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH) забележан е ветувачки тренд во трката за борба против антимикробната отпорност и зачувување на ефикасноста на овие критични лекови.
Во пресрет на претстојниот муслимански празник Курбан Бајрам, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес одржа координативен состанок со претставници од Министерството за внатрешни работи, Град Скопје и Државниот  комунален инспекторат.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски,  учествуваше на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”, која од 21 до денес се одржуваше во Брисел, Белгија.