Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Изминатата недела АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба

09.11.2025
Изминатата недела АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна  контрола кај оператор со храна, запленија и нештетно уништија приближно 37 тони храна, јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини, без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години. За  сторениот прекршок на операторот, изречена му е мерка времена забрана  за работа и глоба, како и наредба за отстранување на утврдените недоследности со надзорот.

АХВ  неделава спроведе вонредни контроли и кај други оператори со храна – месарници, ресторани, сендвичарници, маркети, за што заради утврдени недоследности (нерегистрирани  оператори со храна,  неспроведени задолжителени обуки на вработените  за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично), на операторите со храна и на нивните одговорни лица им изрече парични казни, но и времени забрани за вршење на дејност. Издадени беа и наредби за отстранување на утврдените недостатоци со контролите, а затекнатата небезбедна храна беше нештетно уништенa. 

 

1

 

2

 

3
Ознаки
Категорија