Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Одржана TAIEX Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ во врска со благосостојбата на животните, особено за животните што се користат за научни цели

17.11.2025
Одржана TAIEX Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ во врска со благосостојбата на животните

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 10 до 13 Ноември 2025 година во Скопје се одржа Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ во врска со благосостојбата на животните, особено за животните што се користат за научни цели. 

Целта на Експертската мисија се фокусира на спроведувањето на законодавството на ЕУ во областа на благосотојбата на животните кои се користат за научни цели. Според тоа, учесниците се здобија со практични упатства за спроведување на одредбите од Директивата 2010/63/ЕУ на Европскиот Парламент и на Советот. Мисијата, исто така, се осврна на примена и користење на принципите на замена, намалување и усовршување при спроведувањето на експериментите во кои се користат животни, класификација на постапките според сериозноста, проценка на стресот и индикатори за хумани крајни точки. Преку експертска поддршка, учесниците ќе го подобрат своето разбирање на регулаторната рамка, ќе ги усогласуваат националните законски одредби со стандардите на ЕУ и ќе го зајакнат својот капацитет за спроведување ефективни постапки, поддржани од насочена обука и размена на знаења.

 

1

 

Дополнителни теми кои се обработуваа во текот на експертската мисија беа:

  1. Разгледување и разјаснување на самата ЕУ легислатива, Директивите 2010/63 и 2024/1262;
  2. Задачите на телата за благосостојба кај животните, квалификации за нивни членови, како и авторизација на проекти и релевантна документација, презентација на контролни листи и практични примери;
  3. Постапка за одобрување за одгледувачи, добавувачи и корисници на институции, минимални барања, практични примери;
  4.  Овластување за проект, релевантна документација како и поедноставена административна постапка со практични примери и
  5.  Надлежности и специфични барања за лично, соодветно образование и обука.
Ознаки
Категорија