Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со реализација на циклусот обуки за обновување и за стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките, со цел заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи.
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија и Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи на Република Црна Гора, утре, среда, 26.04.2023 година, во село Петровец, Општина Петровец ќе спроведат заедничка СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА за болеста лигавка и шап.
Акцијата за спроведување засилени инспекциски контроли во целиот ланец на исхрана која започна пред Велгденските празници, продолжува да се спроведува и во пресрет на претстојните Рамазански празници.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, своето присуство на конференцијата “Предизвиците на безбедноста и сигурноста на храната во југоисточна Европа”,  која во изминатите два дена се одржа во Подгорица, Република Црна Гора, денес го искористи и оствари билатерална средба со својот колега, директорот на црногорската Управа за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи, г-дин Владимир Ѓаковиќ.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изразува длабоко жалење за трагичниот настан во кој вчера, по напад од куче, почина осумгодишно дете од скопската населба Пинтија.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес и утре, во Подгорица, Република Црна Гора, на покана на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, учествува на конференцијата “Предизвиците на безбедноста и сигурноста на храната во југоисточна Европа”.
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ)  во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), на подрачјата на општините Крива Паланка и Радовиш, во неколку наврати, спречија нелегална трговија со свињи, спротивно на донесените решенија  и воведените заштитни и контролни мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска чума кај свињите.
По налог на директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, инспекциските служби на АХВ пред велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи.
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) објавува јавен повик за членство во научните панели и научниот комитет. Повикот е отворен до 17 април 2023 година.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и извршниот директор на Ветеринарната комона на Северна македонија Томислав Николовски, денес, во рамки на 27 Годишно собрание на Комората  ја потпишаа Методологијата за утврдување на цените активностите од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните.