Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Nëqoftëse gjeni një derr të egër të ngordhur, ju lutemi raportoni tek
0800 00 210
Pason çmim prej 2500 denarë

Drejtori

Директор на АХВ - Оливер Миланов

Oliver Milanov – Drejtori i Agjencisë së Ushqimit dhe të Veterinarisë

Emërohet në funksionin si drejtor i Agjencisë së Ushqimit dhe të Veterinarisë më 07 2024
I lindur  në 15.07.1977

 

Arsimi

  • 1996-2005 Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Стоматолошки факултет, Република Македонија
  • 1992-1996 Математичко јавно средно училиште - ДСУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово,  Република Македонија

 

Përvojë pune

  • 2016 ВД раководител на Сектор за храна од неживотинско потекло, Агенција за  храна и ветеринарство.
  • 2013-2016 Помлад соработник во Одделение за безбедност на храната, Агенција за храна и ветеринарство
  • 2007-2010 Медицински застапник во трговија во веледрогеријата „ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ“

 

Gjuhët

  • Македонски (говорење, пишување и читање-напредно ниво),
  • Српски (говорење, пишување и читање-напредно ниво),
  • Англиски јазик (говорење, пишување и читање-напредно ниво),
  • Бугарски јазик (говорење, пишување и читање-напредно ниво),
  • Руски јазик (говорење, пишување и читање-напредно ниво).

 

Комисии, работилници и задолженија од областа на безбедност на храната

  • Овластен давател / обезбедувач на податоци на Република Македонија во научната мрежа на Европската Агенција за Безбедност на Храната (ЕФСА)  „ Хемиски мониторинг“, во нејзиното седиште во Парма, Италија и обучен од експерти на EFSA во делот на безбедноста на храната и хемиските контаминенти  во храната (од 2017 година )
  • Претседател на Комисија за спроведување на постапката на одобрување на нутритивните и здравствените тврдења во комерцијални цели при означување, презентација и рекламирање на храната при Агенцијата за храна и ветеринарство (од 2016 година)
  • Член на Комисија за спроведување на измените за Законот за безбедност на храната (2016 година).
  • Член на Комисија за изготвување на Законот  за органско земјоделско производство. 
  • Зема учество во реализацијата на ИПА (Инструментот за претпристапна помош) проектите:
    • Градење на капацитети на надлежните органи за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика;
    • Подобрена имплементација на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарното законодавство и соодветните информациски системи.
  • Зема учество во консултативни состаноци за проектот „Отстранување на технички и економски бариери за иницирање на активности за расчистување на локации во  „ОХИС“ АД Скопје, контаминирани со алфа-HCH, бета-HCH и линдан“ и компонентата за Оцена на ризикот која ќе се темели главно на резултатите од деталното истражување на контаминираната локација во кругот на ОХИС во организација на Канцеларијата за POPs при Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија (2018-2022 година).
  • Одговорен е во раководењето и спроведувањето на годишните програми за безбедност на храната како и вршењето на контрола при изготвување на истите:
    • Програмата за Мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија (под програма за мониторинг на безбедноста на храната во однос на микробиолошките критериуми на одредени категории на прехранбени производи, подпрограма за мониторинг на безбедноста на храната за определување на присуство на резидуи од пестициди во однос на максимално дозволеното ниво (МДН) во зеленчук и овошје, подпрограма за мониторинг со определување на максимално дозволени количества на специфични максимални нивоа на резидуи од пестициди или метаболити на пестициди.
    • Програмата за контрола и превентива на одделни физички, хемиски и биолошки опасности во определени видови или категории храна.


 

 

Стекнување на меѓународни сертификати, преку учество на обуки, во организација на  Европската Комисија: 

 

  • Контрола на контаминентите во храната  и сточната  храна (Прага, Чешка, 09-12.09.2014 година);
  • Микробиолошки критериуми во прехранбени производи (Рига, Латвија, 04-07. мај 2015 година); 
  • Резидуи од ветеринарно медицински производи во храна од животинско потекло (Трим, Ирска од 29 септември до 2 октомври 2015 година); 
  • Информации поврзани со храната  (7-11 март 2016 година); EУ прописи за општи барања за означување на храната и здравствени тврдења, како и специфични категории на храна како додатоци на исхрана, храна со додадени витамини и минерали и храна за специфични групи на популација (Aтина, Грција, 7-11 март 2016 година); 
  • Градење на капацитети на надлежните органи за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, проект основан од Европската Унија и стекнување  на 5 сертификати за обука за законодавството на ЕУ за хигиена на храната (02-03. октомври 2014 година);
  • Измами преку храната (Лисабон, Португалија 20-24 октомври 2014 година);
  • Учество на Светски меѓународен конгрес и стекнување со сертификат за контрола на  безбедност на храната при увоз и извоз и  инспекциски надзор од земјите во развој од 2017 година, Институт за квалитет на инспекција и карантин на Џиангсу (JSIQ), 10 април - 30 април 2017 година, Чангжу, Џиангсу, Кина;  
  • Хигиена на храна при примарно производство (Аликанте, Шпанија, 26 февруари-02 март 2018 година); 
  • Хигиена и флексибилност на храната (Рига, Латвија, 14-18 октомври 2019 година);
  • Нови техники за истражување на храна - Фаза II - Курс 2б Е-трговија со храна (напредно)“ Сесија 2 (Мадрид, Шпанија, 13- 16 јуни 2022 година), 
  • TAIEX студиска посета за нутритивното означување на храната- Лабораториски аналитички методи, како и транспонирањето и усогласувањето на новите ЕУ регулативи во  организација и соработка со Латвиската служба за храна и ветеринарство (ФВС) и Институтот за безбедност на храната, здравјето на животните и животната средина "БИОР";
  • Официјални контролни планови и системи за контрола на контаминенти во храната (26-30.04.2021 година) ;
  • Напредно ниво на обучување за контаминенти во храната (17-22.01.2022 година).