Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

16.10.2025
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

Под мотото “Рака за рака за подобра храна и подобра иднина”, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот кој го организараше Организацијата за земјоделство и храна  на Обединетите Нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври- Светски ден на храната. Во рамки на настанот кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесет годишнината од основањето на ООН и ФАО,

претставници на АХВ  на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна - флаери, лифлети и торбички.

 

1


 

2

 

ФАО во рамки на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање на мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа, низ владите, организациите, секторите и заедниците, активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување на услови, секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана, живеејќи во хармонија со планетата.

 

3


 

4

 

Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната,истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјава, од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамки на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг програми кои се спроведуваат во АХВ чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.

 

5


 

6
Ознаки
Категорија