Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Утре завршува реализацијата на есенската кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство за орална вакцинација на лисците против беснило. Акцијата почна на 11 октомври од спортските аеродроми во Скопје и Штип. Во оваа кампања, заклучно со петок, авионски ќе бидат фрлени 500 илјади вакцинални мамки на целата територија на Република Северна Македонија, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови. Тринаесеттата вакцинација на лисиците против беснило Агенцијата ја реализира со финансиска поддршка од Европската унија.
Детектирано присуство на азиски тигрест комарец во РМ, нема регистрирано инфицирани случаи
На територијата на Република Северна Македонија е детектиран азиски-тигрест комарец. Се врши мапирање на целата територија за да се утврди каде се е проширен овој комарец. Агенцијата спроведува дополнителни програми за евентуално утврдување дали овој комарец има пренесено болести кај животните, информираше на денешната прес-конференција во Владата на РМ, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, заедно со епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски.
Нема небезбедни морски плодови на македонскиот пазар
Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација за небезбедна пратка сурими ракчиња по потекло од Јапонија. Како одговорна институција за безбедноста на храната ги информираме потрошувачите дека според Системот за евиденција на влез и транзит на пратки од животинско потекло на Агенцијата за храна и ветеринарство, увоз на ваков вид производ од Јапонија не е извршен.
АХВ ја предаде донацијата во храна на СОС Детско село и на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, на Пунктот за бездомни лица на Црвениот крст во Момин Поток и на СОС Детско село им ја предаде донацијата во храна која компаниите од прехранбениот сектор ја донираа во рамки на манифестацијата која вчера се одржа во Веро Центар по повод одбележување на 16 октомври – Светски ден на храната.
Прифатилиштата најсоодветен систем за контрола на популацијата кучиња
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, на иницијатива на Агенцијата, во соработка со г-дин Брајан Фаулкнер, претставник на Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA), одржа состанок со претставници од Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС на кој се дискутираше за воспоставување на соодветен систем за контрола на бездомните кучиња од страна на општините.