Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соопштение

Во Брисел се одржа експланаторниот (објаснувачки) скрининг за Поглавјето 12

22.02.2019
Делегација на Република Северна Македонија, предводена од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство д-р Зоран Атанасов и г-дин Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции во кабинетот на Премиерот Зоран Заев, во својство на заменик шеф на делегацијата и технички преговарач во пристапните преговори со Европската унија, од 18 до 22 Февруари 2019 година во Брисел, со високи претставници на Европската Комисија од областа на безбедноста на храна, ветеринарна политика и фитосанитарни прашања, учествуваше на експланаторниот (објаснувачки) скрининг.

Експерти ги здружуваат силите за превенција од африканска свинска чума на Балканот

22.02.2019
Намалување на ризикот од појава и подобрување на подготвеноста за брзо откривање и контрола на болеста африканска свинска чума во балканските земји е главната тема на четири-дневната работилница на ФАО која завршува денеска во Белград, на која присуствуваат и претставници од Република Северна Македонија.

AХВ спроведе еко акција за почиста животна средина

16.02.2019
Еко акција за чистење и уредување на дворот спроведоа денес вработените на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и во соработка со комуналната служба на Општина Аеродром. Акцијата која се реализира денес е во рамки на спроведување на владините мерки за намалување на аерозагадувањето и заштита и унапредување на животната средина.

Нема небезбедни мандарини на македонскиот пазар

13.02.2019
Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека на пазарот на нашата земја се пласирани небезбедни мандарини, вклучително и мандарини кои се увезуваат од Република Турција. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли и на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во земјава, вклучително и на увозот на мандарини од Република Турција.

Експланаторен скрининг за поглавјето 12 - безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика

12.02.2019
Експланаторниот /објаснувачки/ скрининг претставува процес во кој Европската комисија дава детален преглед на Европското законодавство во сите 33 поглавја во кои е групирано целокупното Acquis Communautaire (целокупното европско законодавство, што ги вклучува основачките акти на ЕУ, како и сите регулативи, директиви, одлуки, правна практика, но и меѓународните акти кон кои пристапила ЕУ во рамките на Обединетите Нации и Советот на Европа.

АХВ е законски обврзана и ја информира јавноста за небезбедна храна на пазарот

11.02.2019
Не е пракса на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да објавува што и каде е дистрибуирано се додека тоа не претставува опасност по здравјето на граѓаните, рече  директорот Зоран Атанасов, одговорајќи на новинарски прашања во врска со последниот Извештај на Институтот за јавно здравје и утврдените количества тешки метали во некои прехранбени производи.

МЗШВ потпиша меморандум за соработка со „Слоуфуд Македонија“

06.02.2019
Mинистерството за земјоделство шумарство и водостопанство потпиша Меморандум за соработка со Националната организација „Слоуфуд Македонија“. Целта на соработката е зачувување на агробиодиверзитетот, унапредување на производствата на храна од мал обем и зачувување на автентични и органски производи, сето тоа во функција на руралниот развој и развојот на гастрономијата и туризмот.

АХВ ја контролира безбедноста на храната и проверува дали таа содржи и тешки метали

06.02.2019
Агенцијата за храна и ветeринарство врши редовни инспекциски контроли на домашниот пазар, во сите фази на производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна со цел детекција и утврдување на присуство и на тешки метали. Покрај редовните се вршат и вонредни контроли, често постапувајќи и по претставки на граѓаните. Редовно се контролира и храната која се увезува во земјава.

МЗШВ потпиша меморандум за соработка со Слоуфуд Македонија

06.02.2019
Mинистерството за земјоделство шумарство и водостопанство потпиша Меморандум за соработка со Националната организација Слоуфуд Македонија. Целта на соработката е зачувување на агробиодиверзитетот, унапредување на производствата на храна од мал обем и зачувување на автентични и органски производи, сето тоа во функција на руралниот развој и развојот на гастрономијата и туризмот.

Инспекциските служби на АХВ извршија контрола на ,,Млекара Лесковац,,

04.02.2019
Стручен тим од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во Лесковац, Република Србија реализира официјална посета и извршија инспекциска контрола на работењето на компанијата ,,ДОО за преработка и конзервирање на млеко - Млекара Лесковац,,. Станува збор за планирана активност на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство за контрола на објекти од трети земји од кои се увезува храна во Република Северна Македонија.

Правилник за разгледување

31.01.2019
Агенцијата за храна и ветеринарство подготви текст за нов подзаконски акт - Правилник за барањата за условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, локализирана активност, во географски или економски ограничувања, како и општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики.

Дефинирање на правилата за директно снабдување и за традиционално производство

31.01.2019
Поддршка и развој на малите производители на храна од животинско потекло без да се доведува во прашање безбедноста на храната, водејќи сметка за зачувување на нејзините традиционални карактеристики, преку флексибилна примена на законските и подзаконските акти кои се однесуваат на безбедноста на храната.

АХВ почна со реализација на нов проект во рамки на ИПА 2015

29.01.2019
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со спроведување на новиот проект “Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи ”кој ќе се реализира со финансиска поддршка од Европската унија во рамки на ИПА 2015.

Институциите, науката, одгледувачите и НВО дебатираа за предлг измените на Законот за благосостојба

22.01.2019
“Решавањето на проблемот со бездомните животни бара мултисекторски пристап и соработка меѓу институциите на системот, невладините организации и локалните самоуправи и налага преземање на законски дефинирани мерки и спроведување на активности со кои конечно ќе се стави ред и ќе се реши овој децениски проблем...

Објавена Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2019 година

18.01.2019
Агенцијата за храна и ветеринарство ја донесе Годишната Наредба за здравствена заштита на животните за 2019 година, во која се содржани активностите од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните.

АХВ и српската Ветеринарна управа ја продлабочуваат соработката

17.01.2019
Македонската Агенција за храна и ветеринарство ќе и помогне на српската Ветеринарна управа во изработката на анализата на ризик и на Планот за земање на мостри на граничните премини. Ова е договорено на денешниот билатерален состанок меѓу директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија Зоран Атанасов и неговата колешка Емина Милакара, директор на Ветеринарна управа при Министерството за земјоделство на Република Србија, кој денес се одржа во Белград.

Директорот Атанасов одржа состанок со неформалната „Коалиција против ГМО“

17.01.2019
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов одржа работен состанок со претставници од неформалната група „Коалиција против ГМО“ на кој се разговараше за најавените измени во Законот за безбедност на храната за регулирање на трговијата со производите кои содржат ГМО. Од страна на директорот Атанасов на претставниците на оваа неформална група презентирани им беа надлежностите на Агенцијата за храна и ветеринарство во делот на ГМО храната, како и основите за регулирање на производството и одредбите за заштита на животната средина кои се во надлежност на други државни институции.

Објавени мониторинг програмите за безбедност на храната и храната за животни

14.01.2019
Со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на луѓето, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе пакет програми за мониторинг на безбедност на храна и храната за животни за 2019 година.

Отворени нови ЕУ перспективи и за месната индустрија

11.01.2019
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес оствари работна средба со менаџерскиот тим на месната индустрија ,,Пекабеско,, која кон крајот на минатата година доби одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство за извоз на производи од говедско и свинско месо на европскиот пазар. Со одобрувањето, оваа компанија стана деветнаесетти објект кој има добиено број за извоз на европскиот пазар и се наоѓа на листата на одобрени објекти на Европската комисија за извоз на храна од Република Северна Македонија.

АХВ отворена за подобрување на текстот на измените на Законот за заштита и благосостојба

11.01.2019
Заокружување на концептот на одговорното сопствеништво во Република Северна Македонија и решавање на проблемот со бездомните кучиња преку подобрување и унапредување на текстот на измените на Законот за заштита и благосотојба на животните кој наскоро треба да се најде во собраниска процедура, беше тема на денешниот работен состанок кој директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов го одржа со претставници на релевантни здруженија од областа на кинологијата.