Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Во време на пандемија, безбедноста на храната е заедничка одговорност

16.06.2020
Агенција за храна и ветеринарство

Појавата на КОВИД-19 вирусот имаше големо влијание на начинот на снабдување, тргување и купување на храната, што носи нови или различни ризици кои треба да се земат во предвид со цел да се осигура безбедност на храната во секое време. По повод одбележувањето на 7 јуни – Светски ден за безбедност на храната, прогласен од страна на Обединетите нации во 2018 година, Мери Кени - службеник за безбедност на храна и заштита на потрошувачите од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, во интервју говори за тоа како ФАО им помага на земјите од регионот во овие напори.

 


Кои конкретни проблеми во врска со безбедноста на храната се појавија во Европа и Централна Азија поради пандемијата КОВИД-19?


Кога започнаа мерките на затворање, првите две главни грижи беа: дали вирусот се пренесува преку храната и дали ќе има доволно храна достапна за сите? Научни истражувачки тела признаени на глобално ниво посочија дека не постојат докази дека овој вирус може да се пренесе преку храната. За време на пандемијата одредени индустрии се затворија, но прехранбената индустрија беше меѓу оние кои мораа да продолжат да работат онолку колку што дозволуваше ситуацијата. Во некои земји, операторите за храна беа загрижени дека некои состојки или суровини ќе бидат недостапни или со исцрпени залихи, или пак дека клучниот персонал нема да може да работи заради рестриктивните здравствени мерки. Некои од грижите на надлежните органи беа дистрибуцијата на небезбедна храна како резултат на промените во шемите на снабдување, продажба на храна во нехигиенски услови, како и измами со храна. Пандемијата ја нагласува важноста за примена на добрите принципи на санитација, лична хигиена и воспоставени практики за безбедност на храна за да се задржи синџирот на снабдувањето со храна безбеден, што дава посебен акцент на годинашниот Светски ден за безбедност на храната. Потребата за ефективна комуникација и соработка меѓу сите во синџирот на исхрана (академијата, владата, производителите, операторите, потрошувачите) за да се спречат опасностите и да се минимизираат ризиците, стана уште поочигледна. Луѓето бараат доверливи информации – кои во случај на безбедност на храната, доаѓаат од националните власти и од меѓународните организациии. Можете ли да оваа пандемија во информирање на потрошувачите за практиките што треба да се почитуваат, како и да работат со прехранбената индустрија за да осигураат континуирано снабдување со безбедна храна. Многу земји воспоставија информативни веб-страници и споделија упатства поврзани со КОВИД-19 за производителите на храна, увозниците, угостителскиот сектор и потрошувачите. Неколку примери се Норвешка, Унгарија и Турција, кои изработија упатства специфични за секторите храна, аквакултура и сточарство, додека Ирска отвори веб-страница со најчесто поставувани прашања и консултативна линија за совети по електронска пошта. Романските власти организираа видео конференции за трговците на мало и рестораните за храна, за да ги информираат за мерките потребни за повторно отворање и безбедно производство, подготовка, испорака и сервирање на храна и за тоа како да го обучуваат својот персонал за општите хигиенски практики и плановите за дезинфекција. Северна Македонија објави практични совети и препораки за бизнис операторите со храна за спречување на ширење на вирусот кај персоналот и потрошувачите, заедно со усвојувањето на мерки за безбеден и непречен проток на храна, стоки и добиток и препораки за безбедно купување на храна во маркетите и преку интернет. На глобално ниво, ФАО и СЗО исто така развија упатства за безбедност на храната во време на пандемијата со КОВИД-19 наменети за властите одговорни за безбедност на храната, операторите со храна и потрошувачите.

 


Кои навики се сменија и кои се импликациите за безбедноста на храната? 


Секој мораше да се прилагоди. Многу луѓе почнаа да готват почесто дома и го сменија начинот на купување храна, на пример, префрлајќи се на домашни испораки и купување преку Интернет, кога рестораните и кафулињата беа затворени. Ова ја истакнува важноста на зголемување на свеста кај потрошувачите за практики за безбедно ракување со храна. Многумина почнаа да купуваат храна од локални извори или директно од земјоделците. Оттука, малите бизниси за храна треба да бидат информирани и да ги применуваат практиките за безбедноста на храната. Исто така, постојат иновативни методи за намалување на отпадот од храна преку банки за храна и електронски платформи кои ги поврзуваат добавувачите со купувачите и потрошувачите. Бизнисите за храна и производствените капацитети мораа да вложат во дезинфекција и санитација, воведоа правила за физичко дистанцирање и заштитна опрема за персоналот. Што се однесува до службените контроли, на пример, Норвешка ја зголеми употребата на електронски сертификати за контроли на увоз на животински и растителни производи и подготви брза проценка на ризик за евентуално зголемено незаконско работење со храна за време на пандеимјата, која исто така има за цел да спречи нелегална продажба на Интернет на производи кои лажно се рекламираат дека спречуваат или лекуваат КОВИД-19. Некои од овие навики веројатно ќе останат. 

 


Што можеме да очекуваме во областа на безбедноста на храната во блиска иднина, и што значи тоа за регулаторите на храна и надлежните органи? 


Знам дека надлежните органи за безбедност на храната во целиот регион активно размислуваат за потенцијалните влијанија врз безбедноста на храната и го прилагодуваат начинот на работа, бидејќи ограничувањата во движењето и работењето од дистанца влијаат и врз нивниот персонал. Балансирајќи ги ограничувањата на персоналот со потребата да се одржи безбедноста и интегритетот на синџирот на снабдување со храна и да се поддржи меѓународната трговија, регулаторите за безбедност на храната треба да им дадат приоритет на клучните услуги за време на пандемијата и евентуално да намалат некои рутински активности. Искуството од пандемијата КОВИД-19 може да даде поттик за зголемена употреба на информатички технологии за безбедност на храна, како што се е-сертификација, бази на податоци и зголемена употреба на електронска документација. Некои промени во синџирот на снабдување со храна веројатно ќе продолжат и после пандемијата, како што се нарачките преку Интернет, е-трговија, што ќе носи нови ризици за безбедност на храната и предизвици што треба добро да се анализираат и соодветно да се решат. Тука ќе бидат клучни следењето на информации, споделувањето информации, генерирање на податоци и анализи. Покрај зголемената продажбата на храна преку Интернет, бизнисите со храна ќе продолжат да се прилагодуваат, па дури и да ги менуваат нивните бизнис модели, на пример, од ресторани во услуги за готова храна за носење. Како што се намалуваат рестриктивните мерки, бизнисите со храна ќе заживеат и ќе се адаптираат на новата нормалност, спроведувајќи мерки за физичко дистанцирање, санитација и заштита на здравјето на нивниот персонал, кои ќе бидат дел од секојдневната рутина. 

 


Што прави ФАО во регионот? 


ФАО поддржува мерки што обезбедуваат континуитет на синџирите на снабдување, со цел луѓето да имаат пристап до безбедна и хранлива храна за време на пандемијата. Ова вклучува поддршка за земјите да ги проценат краткорочните и среднорочните влијанија, давање насоки за политиките за земјоделство и системите за храна кои ја истакнуваат безбедноста на храната, организирање на тематски вебинари, олеснување на заемното учење и споделување на добри практики. 
 

Ознаки
Категорија