Активно се работи на подготовка на првото законско решение за донирање храна
Дефинирање на надлежностите на сите надлежни институции кои ќе го креираат законското решение за регулирање на донирањето на вишоците храна од операторите преку интензивирање на соработката на невладините организации кои непосредно ќе бидат вклучени во дистрибуцијата на храната до крајните корисници. Ова се дел од заклучоците од денешниот работен состанок на работната група за изработка на Законот за донирање на вишокот храна кој се одржа во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како институција координатор на овој процес.