Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Атанасов ја посети месната индустрија Челопек

02.07.2020
Атанасов ја посети месната индустрија Челопек

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, со претставници од компанијата, го посети преработувачкиот капацитет на месната индустрија “Челопек” од тетовското село Челопек. Како што истакна директорот Атанасов во рамки на посетата, станува збор за капацитет за преработка кој обезбедува свинско месо како суровина исклучиво од сопствено производство, од свињарската фарма “Единство”. 

1

 


Мерките за подобрување на епизотиолошката состојба даваат позитивни резултати во развојот на оваа сточарска гранка. Заедно со мерките на Владата за развој на свињарството, полека се отвора патот за пласман на македонското свинско месо, чиј раст на производството од година во година е се поголем, но и за производите од свинско месо на европскиот пазар –  истакна Атанасов.

 

3


Со  вработени 87 лица, од кои само во месната индустрија 37, овој преработувачки капацитет активно работи да го достигне планираниот дневен капацитет за производство на 1 тон димени производи од месо. Кланицата располага со капацитет за колење 22 илјади товеници годишно. 
 

Ознаки
Категорија