Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Обука за подобрување на подготвеноста во справувањето со Африканска свинска чума

10.07.2020
Обука за подобрување на подготвеноста во справувањето со Африканска свинска чума

Претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство и официјални ветеринари се дел од педесеттина учесници од земјава на онлајн обуката која почнувајќи од 1 јули ќе се реализира во наредните 6 недели. Обуката е дел од активностите за подобрување на подготвеноста на балканските земји во справувањето со Африканска свинска чума и неа ја организира Организацијата за земјоделство и храна  на Обединетите Нации – ФАО. 

На обуката во која од земјава се вклучени претставници од неколку државни институции, официјални ветеринари, претставници од ветеринарните друштва, од Факултетот за ветеринарна медицина и поголеми одгледувачи на свињи, ќе учествуваат околу 350 претставници од Балканот (од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, и Србија).  Преку седум модули, во рамки на обуката ќе бидат опфатени теми за  влијанието на болеста, клиничката и лабораториската дијагностика, епидемиологија, истрага за појава на епидемии, контролни мерки, биосигурност и африканска свинска чума кај диви свињи. 
 

Ознаки
Категорија