АХВ дел од глобалната иницијатива на Светскиот ден на безбедна храна
Агенцијата за храна и ветеринарство денес се приклучи на глобалната иницијатива за одбележување на 7 јуни - Светски ден на безбедна храна, кој минатата година за прв пат го востанови Организацијата на Обединетите Нации. Целта на иницијативата е подигнување на јавната свест за безбедноста на храната и информирање на јавноста за важноста од превенирање и управување со ризиците поврзани со неа, унапредување на здравјето на граѓаните, економскиот просперитет, развојот на земјоделството и пазарите.