Засилените контроли одамна се дел од работењето на АХВ
Паушални и непроверени се наводите за потребата од поголема контрола на безбедноста на храната од страна на државните институции, особено во услови на пандемија со Ковид 19. Построгите контроли за кои како потреба алармирале експертите на неодамна одржаната меѓународна конференција за квалитет и безбедност на храна во Охрид, треба да знаат дека тие одамна се спроведуваат и се дел од секојдневните активности на Агенцијата за храна и ветеринарство и подеднакво се однесуваат на домашното производство и прометот и на храната која се увезува во земјава.