Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Потврден нов случај на болеста африканска чума кај свињите

27.07.2022
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува одгледувачите на свињи дека од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина Скопје доби потврда за појава на нов случај на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште со екстензивен начин на чување свињи во село Моштица, општина Македонска Каменица. 

 

 

По поднесената пријава за сомнеж на болеста во одгледувалиштето, спроведена е официјална контрола од инспекциските служби на АХВ, а по извршеното лабораториско тестирање на земените мостри од угинати две свињи, од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдено е и присуството на болеста. На одгледувалиштето спроведени се сите потребни мерки за уништување на вирусот, а во тек е и спроведување на епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот – вели Николче Бабовски директор на АХВ. 

 

АХВ издаде ново Решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за сузбивање и контрола на болеста во заштитната зона околу жариштето кое ги вклучува населените места Моштица, Македонска Каменица, Косевица, Саса, Цера и Костин Дол во Македонска Каменица, во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу жариштето и во високоризичната зона (сите општини во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија). За појавата на ново жариште на болеста африканска чума кај свињите, заклучува Бабовски, АХВ официјално ги извести Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ и Европската комисија.

Ознаки
Категорија