Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Директорот Бабовски, учесник на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”

24.06.2022
Директорот Бабовски,  учесник на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски,  учествуваше на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”, која од 21 до денес се одржуваше во Брисел, Белгија.

 

 

 

 

На маргините на конференцијата, во рамки на состанокот со земјите од Западен Балкан и Република Туркије, тој оствари средба со Викторија Виламар, раководител на Одделот за соработка и комуникација на Европската агенција за безбедност на храната- EFSA, во чија организација, се одржа конференцијата, заедно со Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), Европската агенција за хемикалии (ECHA), Европската агенција за животна средина (ЕЕА), Европската агенција за лекови (ЕМА) и Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC).

 

 

brisel

 

 

Во рамки на четирите тематски сесии - (ONE Life, ONE Planet, ONE Society and MANY Ways), секоја фокусирана на специфични аспекти на безбедноста на храната,  акцент на конференцијата беше ставен на состојбата со безбедноста на храната и добиточната храна, како и  на перспективата на одржливите прехранбени системи, фокусирајќи се на потребата од спроведување на пристапот „Едно здравје – една животна средина“ и истражување на можниот развој на науката за проценка на ризик. На завршната пленарна сесија на конференцијата се дефинира стратешката насока за тоа како дополнително да се унапреди безбедноста на храната.

 

 

brisel 3

 

Соработката и партнерството за поодржлива Европа се основите на четиридневната конференција “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”, на која беа споделени голем број научни знаења и искуства и на која се отвори и дебата за клучните теми од политичката агенда на ЕУ.


 

1

 

Ознаки
Категорија