Средба Миланов – Андоновски: Брзо дигитализирање на услугите на АХВ во интерес на граѓаните и бизнис заедницата
Комплетирање на дигитализацијата на услугите кои ги дава Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кон граѓаните и бизнис заедницата со цел унапредување на економијата на земјава, водејќи грижа за безбедноста на податоците со максимално искористување на современата технологија, дефинирање кои услуги може полесно и побрзо да се дигитализираат со цел да бидат побрзо достапни до корисниците. Ова се дел од темите за кои на вчерашниот работен состанок дискутираа директорот на Агенција за храна и ветеринарство министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и Оливер Миланов, директор на АХВ.