Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Високи позитивни оценки за воспоставениот Систем за квалитет на АХВ

25.02.2025
Високи позитивни оценки за воспоставениот Систем за квалитет на АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство вчера доби високи позитивни оценки за воспоставениот Систем за квалитет, согласно барањата на стандардот ИСО 9001:2015, по што сертификациското тело Quality Austria ја продолжи важноста на доделениот сертификат за управување со квалитет. Според директорот на АХВ, д-р Оливер Миланов, меѓународниот сертификат за управување со квалитет е од големо значење за Агенцијата бидејќи докажува дека процесите во Агенцијата се спроведуваат ефикасно и ефективно, во функција на операторите и граѓаните.

“Како институција, ние сме посветени на континуирано одржување и подобрување на Системот за квалитет, бидејќи нашата работа има директно влијание врз јавното здравје, безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојба на животните. Овој сертификат е заслуга на сите вработени во Агенцијата, кои преку секојдневната работа и квалитетот на услугите што ги нудат докажуваат дека воспоставениот Систем за квалитет е на многу висока ниво во АХВ”
- изјави директорот Миланов на воведниот состанок со тројцата аудитори на сертификациското тело MQS, регионален партнер на австриското национално сертификациско тело Quality Austria.

 

2

 

Претставници на MQS, во текот на целиот вчерашен ден спроведоа аудит на сите системски процеси на преиспитување на врвното раководство, контекстот на Агенцијата преку влијание на надворешни и внатрешни фактори и заинтересирани страни, оперативните ризици во процесите преку FMEA методологија, управувањето со документацијата во системот, елементите на интерна проверка и дефинирани неусогласености, анализа на задоволство на корисниците на услуги,  како и мерките за континуирано подобрување.

 

1

 

Оперативните процеси беа разгледувани преку преглед на дефинираните и реализираните цели за квалитет, преку приказ на реални и мерливи индикатори и следење на трендот на резултатите по години.

"Агенцијата ќе продолжи и понатаму да работи на целокупно одржување и подобрување на системот со максимална заложба на сите вработени, во насока на исполнување на барањата и очекувањата на корисниците на нејзините услуги”
- изјави директорот Миланов.

Надворешниот аудит ја потврди усогласеноста на Системот за квалитет на АХВ  со релевантните стандарди, законски барања и добри практики.

 

Ознаки
Категорија