Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Кодекс стандардите презентирани пред операторите и производителите на храна

19.02.2025
Кодекс стандардите презентирани пред производителите и производителите на храна

Во услови кога се заоструваат безбедносните критериуми за производство и трговија со храна, во европски и во светски рамки, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како орган на државната управа одговорен за безбедноста на храната, има обврска да ги следи овие трендови, а новините во европските регулативи за безбедност на храната да ги преточува и прилагодува во националното законодавство.

Кодекс стандарите за безбедност на храната како глобални стандарди,  иако не се задолжителни, веќе се дел од националното законодавство во многу области од секторот на безбеднсот на храна, здравето на животните и заштита на здравјето на граѓаните. Досега реализираните активности во рамки на проектот “Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија” кој Агенцијата за храна и ветеринарство го имплементира со техничка поддршка на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, почнувајќи од 2019 година, како што се  продуцирањето на клучни документи за имплементирање на Кодекс стандардите во земјава и активното вклучување на Агенцијата за храна и ветеринарство во работата на Кодекс, за нас како држава и како инстиутуција е од исклучителна важност” – истакна директорот на Агенцијата д-р Оливер Милнов на отворањето на денешната еднодневна  работилница “Промовирање на  активностите на Кодекс на национално ниво” која се одржа во организација на АХВ и ФАО.

 

1

 

Тој за исклучително драгоцена ја оцени досегашната посветена работа со Кодекс експертите кои и денес ставија акцент на проширување на знаењата за Кодекс стандардите и нивната функција и значење во обезбедување на безбедност и квалитет на храната и нивнто значење за меѓународна трговија со храна и проширувањето на пазарите. 

- Верувам дека со заедничка работа успешно ќе ги реализираме и планираните активности со проектот за годинава кои се во насока на зајакнување на капацитетот на техничкиот персонал за вклучување во конкретни активности на Кодекс кој се однесува на ​​организирање на тематски работилници на приоритетни теми, како и активностите за промовирање на Кодекс на национално ниво, со цел зголемување на знаењето на бизнис операторите за безбедноста на храната

     – истакна Миланов.

ФАО е партнер на Македонија долги години и дава експертска и техничка помош која е прилагодена на приоритетните области за Македонија, рече Кристина Митиќ Арсова, Национален програмски координатор на ФАО и додаде дека стандардите на Кодекс се основа за безбеднсот на храната на сите нивоа кои ја зајакнуваат и позицијата на Македонија на светските пазари. 

Мари Кени, службеник на ФАО за безбеднсот на храна и заштита на потрошувачите го истакна значењето на учеството на  Република Северна Македонија и на Агенцијата за храна и ветеринарство во работата на Кодекс како глобално тело кое учествува во развивањето на глобалните стандарди  за безбеднсот на храната како основа за заштита на здравјето на потрошувачите и промовирањето на фер практики во трговијата со храна преку координирање на  сите стандарди за безбеднсот на храната.

Целта на работилницата на која учествуваат претставници од институциите, науката, примарни производители и оператори со храна е нагласување на важноста на Кодекс стандардите во обезбедувањето на безбеднсот и квалитет на храната и олеснувањето на меѓународната трговија со храна и пристапот до пазарите и обезбедувањето на практичн сознанија за клучните Кодекс стандарди кои се релевантни за бизнис операторите и производителите на храна, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на хигиена, сертификација, измами со храна и максимално дозволени нивоа на  остатоци во храната. 

На работилницата беа промовирани активностите на Кодекс алиментариус на национално ниво и улогата на Агенцијата за храна и ветеринарство како контакт точка на ова тело на ФАО и Светската здравствена организација. Бизнис операторите запознаени беа со придобивките од употребата на Кодекс стандардите како можност за отворање на нови пазари и интензивирање на трговијата со храна, обезбедувајќи безбедност и квалитет.

 

2

 

Меѓународниот експерт за Кодекс г-дин Дирк Ланж ја објасни важноста  на Кодекс стандардите за меѓународната тргиовија со храна и пристапот до пазарите, а пренесенао беше  и турското искуство за важнсота на работата на Кодекс за бизнис операторите со храна и приватниот сектор. Претставник од Европската комисија на улесниците на работилницата им ги објасни кодекс стандардите кои се однесуваат на контаминнтите во храната. За Кодексот стандардите кои се важни за  бизнис операторите со храна, а кои се однесуваат на хигиенската практика, сертификацијата, максимално дозволените нивоа на резидуи од пестициди, презентација одржа и службеникот за безбеднсот на храна  и заштита на потрошувачите, Мери Кени.
 

Ознаки
Категорија