Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

АХВ постапи по поднесените претставки за мачење на коњ

15.02.2025
Агенција за храна и ветеринарство

По објавено видео на социјални мрежи на кое се гледа како неколку лица  мачат животно- коњ како и по иницијативи од граѓани и невладини организации,  по обезбедување  идентификација за лицето сопственик на животното од  Одделот за криминалистика при Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе инспекциски надзор кај идентификуваното лице. 

Со увидот констатирано е дека постои објект каде се чувале животни од видот коњи, но, животното, без соодветна документација и неидентификувано, претходно веќе било продадено од сопственикот. 

При надзорот, констатирано е дека истото лице чува во дворот 3 кучиња спротивно на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните во несоодветни услови ( затворени во кафези)  и неухранети и спротивно на Законот за идентификација и регистрација на животните неидентификувани со микрочип. Од страна на инспекторот- официјален ветеринр, кучињата  се одземени oд сопственикот и предадени на ЈП Лајка. На сопственикот му е изречена парична глоба и издадено му е решение за забрана за чување на коњи без идентификација и регистрација на одгледувалиште во системот на АХВ.

 

Ознаки
Категорија