АХВ отстапи две автоматски прскалки за дезинфекција на возила
Како општествено одговорна институција, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) постапи по заклучокот на Комисијата за контрола на заразните болести на Дирекцијата за заштита и спасување и отстапи на користење две автоматски дезинфекциони прскалки за возила. Станува збор за опрема за вршење на автоматска дезинфекција на возила кои се поставени на влезот и излезот на општините Дебар и Центар Жупа, каде неодамна, поради состојбата со вирусот КОВИД 19, беше прогласена кризна состојба.