Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

ФАО: Нови функции на мобилната апликација на ФАО и MammalNet за откривање на африканска свинска чума кај дивите свињи

27.08.2020
FAO

Во рамки на напорите за рано откривање и реагирање на болестa африканска свинска чума, Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, заедно со проектниот тим MammalNet, додадоа нови функции во бесплатната мобилна апликација iMammalia, со цел навремено известување за пронајдени трупови на диви свињи низ Балканот и пошироко. Апликацијата, која веќе се користи во Европа, првично беше дизајнирана за лесно снимање и евидентирање на присуството на цицачи. 

По измената на апликацијата iMammalia, секој корисник сега може, во рок од неколку секунди, да пријави откриен труп на диви свињи, со што ќе помогне во борбата против африканската свинска чума, соопшти ФАО. Преку оваа апликација, корисниците можат да ги пријават гео - координатите, нивото на распаѓање и полот, па дури и да испратат фотографија од трупот.

Покрај новата функција, ФАО ја преведе апликацијата на македонски и српски јазик и ќе работи на олеснување на употребата на апликацијата од различни целни корисници на Балканот.

Африканската свинска чума може да се прошири низ неколку рути, вклучително и преку природното движење на дивите свињи. Вирусот е подеднакво смртоносен и за домашните и за дивите свињи. Затоа, тестирањето на угинати диви свињи за присуство на вирусот африканска свинска чума е најсигурен начин за рано откривање (и реагирање на) болеста кај овие популации, потенцира ФАО. Според нив, животното многу веројатно е дека ќе умре за неколку дена откако ќе се зарази и ако се пријави навреме, трупот на дивата свиња може да биде уништен или правилно да се отстрани за да се намали понатамошната контаминација.
Иако ловџиите се главна целна група во откривање на диви свињи, планинарите и рекреативците, ренџерите и во основа секој кој ја посетува шумата може многу да придонесе за откривање на трупови на диви свињи.

Колку повеќе луѓе пријавуваат угинати диви свињи, толку полесно надлежните ќе ја контролираат болеста. 
Во Европа, африканската свинска чума постепено се шири почнувајќи од Грузија во 2007 година, потоа низ Централна Европа од каде се прошири во повеќето држави. Денес, болеста е присутна и на Балканот, при што Бугарија, Грција, Романија и Србија пријавуваат епидемии и се заканува нејзино проширување низ целиот Балкански регион. Смртоносната болест носи огромни економски трошоци и значителни нарушувања на трговијата, сериозно влијае на руралната егзистенција, доколку не се открие навреме.
Апликацијата е достапна и на Android (https://play.google.com/store/apps/details?id=uk.ac.ceh.imammalia&hl=en) и на iOS ( https://apps.apple.com/us/app/imammalia/id1480199644)

Ознаки
Категорија