На 10 и 11 август се одржа дводневна работилница каде беше презентиран и разгледуван нацрт Законот за вршење на официјални контроли.
Работилницата ја предводеше директорот на АХВ, Зоран Атанасов, на која присуствуваа претставници на Агенцијата на храна и ветеринарство и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со овој закон се уредуваат постапките и барањата за спроведување на официјални контроли и други официјални дејствија од страна на надлежните органи, начинот на финансирање на официјални контроли, административната помош и соработката меѓу надлежните органи на Република Северна Македонија, соработката со надлежните органи, постапките за контрола на гранични контролни места за пратки од животните и стоките кои се внесени во Република Северна Македонија и воспоставување на компјутерски информациски систем за управување со информации и податоци во врска со официјалните контроли.
Нацрт законот се усогласува со новиот пакет законодавство на Европската унија, како дел од процесот на хармонизација на законодавството на Република Северна Македонија со правото на ЕУ и претставува приближување на решенијата на националното законодавство со соодветната ЕУ регулатива (2017/625).
Нацрт законот беше изготвен како една од активностите во рамките на проектот “Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи”.