Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје,

Комисијата за заштита и благосостојба на животните која врз основа на Законот за заштита и благос

На барање на комерцијалните свињарски фарми од земјава, денес во Агенцијата за храна и ветеринарс

Вчера во Агенцијата за храна и ветеринартсво се одржа првиот состанок на Управниот Комитет на про

Дефинирање на надлежностите на сите надлежни институции кои ќе го креираат законското решение за

Врз основа на воспоставениот интегриран систем на контрола, со цел елиминирање на можнoста на паз

Агенцијата за храна и ветеринарство доби позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS

Како дел од активностите кои што произлегуваат од потпишаниот договор со Европската Агенција за б

Делегација на Република Северна Македонија, предводена од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство д-р Зоран Атанасов и г-дин Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции во кабинетот на Премиерот Зоран Заев, во својство на заменик шеф на делегацијата и технички преговарач во пристапните преговори со Европската унија, од 18 до 22 Февруари 2019 година во Брисел, со високи претставници на Европската Комисија од областа на безбедноста на храна, ветеринарна политика и фитосанитарни прашања, учествуваше на експланаторниот (објаснувачки) скрининг.
Намалување на ризикот од појава и подобрување на подготвеноста за брзо откривање и контрола на болеста африканска свинска чума во балканските земји е главната тема на четири-дневната работилница на ФАО која завршува денеска во Белград, на која присуствуваат и претставници од Република Северна Македонија.