Микроорганизмите (бактерии, паразити, вируси и габи) присутни во храната се потенцијална опасност за безбедноста на храната. Врската помеѓу употребата на антимикробни средства (средства кои можат да ги убијат микроорганизми или да го спречат нивниот раст) кај животни наменети за производство на храна и појавата на отпорни микроорганизми во синџирот на исхрана е загрижувачка и е предмет на бројни национални и меѓународни консултации.
Употребата на антимикробни средства кај животни наменети за производство на храна (вклучително и аквакултура), хортикултура или луѓе придонесува за појава на антимикробно-отпорни микроорганизми, а степенот варира помеѓу различните микроорганизми и различните региони.
Признавајќи ја потребата од еден поопшт и мултидисциплинарен одговор за справување со антимикробна отпорност (АМО), во 2006 година, Кодекс ја формираше првата работна група за антимикробна отпорност, со цел развој на научно базирани упатства за проценка и управување со ризик по здравјето на луѓето, поврзани со присуството во храната и добиточната храна (вклучително и аквакултура) и пренесувањето преку храната и добиточната храна на антимикробно отпорни микроорганизми. Втората работна група која е формирана неодамна како одговор на зголеменото глобално внимание кон сериозната закана од АМО за јавното здравје, има за цел развивање на научно базирано упатство што ќе овозможи кохерентно управување со антимикробната отпорност во синџирот на исхрана.
Други текстови на Кодекс за ветеринарно медицински препарати (ВМП) и нивни резидуи, хигиена на храна и добиточна храна, исто така, придонесуваат за справување со АМО преку спречување на развојот и минимизирање на трансмисијата на АМО преку синџирот на исхрана.
Работната група на Кодекс бара консензус за антимикробната отпорност
Една од темите на кои се дискутираше за време на 43 состанок на Комисијата на Кодекс Алимнтариус (CAC 43), кој заврши 6 ноември 2020 година, беше и работата на Ад хок меѓувладината работна група на Кодекс за антимикробна отпорност (Ad hoc Codex Intergovernmental Task Force on Antimicrobial Resistance - TFAMR), област од голем меѓународен интерес.
По долга дискусија, земјите членки на Кодекс, помеѓу кои и Република Северна Македонија, се согласија за прелиминарно усвојување на ревизијата на документот - Code of Practice to Minimize and Contain Foodborne Antimicrobial Resistance (CXC 61-2005), а поради итноста на проблемите со АМО беше истакната и важноста за финализирање на работата на следниот состанок, TFAMR08 што ќе се одржи во 2021 година.
Повеќе информации за активностите на Кодекс, ФАО и СЗО во однос на антимикробната отпорност и одговорната употреба на антимикробни средства може да се најдат на следниве линкови:
Is AMR a food safety issue? Interview with Jeff LeJeune, FAO Food Safety Officer
World Antimicrobial Awareness Week in FAO
World Antimicrobial Awareness Week in WHO