Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Ревизија на постојните максимални нивоа на резидуи за киноксифен

09.12.2020
Агенција за храна и ветеринарство

На барање на Европската Комисија,  а согласно член 12 од Регулативата (ЕК) бр. 396/2005, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) изврши ревизија на максимално дозволените нивоа на резидуи (МДН) кои во моментов се применливи на ниво на Европска Унија за резидуи од активната супстанца на пестицидот киноксифен. 

И покрај тоа што оваа активна супстанца повеќе не е одобрена во рамките на Европската Унија, максимално дозволените нивоа на резидуи (МДН)  беа утврдени од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус  (кодекс максимални дозволени нивоа на резидуи - CXL), а исто така  беше пријавена и толеранција за увоз од земјите членки на ЕУ (вклучително и податоците за придружните резидуи). 

Врз основа на достапните податоци, ЕФСА, направи проценка на кодекс максималните дозволени нивоа на резидуи -  CXL и бараната толеранција за увоз, а беше извршена и проценка на ризик по однос на здравјето на потрошувачите, земајќи ги во предвид референтните токсиколошки вредности утврдени согласно Директивата 91/414 / ЕЕЗ. 

ЕФСА утврди дека кодекс максимално дозволени нивоа на резидуи - CXL и толеранцијата за увоз се соодветно поддржани од податоците и не е утврден ризик за потрошувачите .


Целиот текст на научното мислење може да се прочита на следниот линк

Ознаки
Категорија